Хиперион (митологија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во старогрчката митологија, Хиперион (/haɪˈpɪəriən/; грчки: Ὑπερίων, "Високиот") бил еден од дванаесетте Титани деца на Геја (Земја) и Уран (Небо или Рај) кој, предводен од Крон, го тргнал татко му Уран од престолот. Со неговата сестра, титанката Теја, Хиперион ги создал Хелиј (Сонцето), Селена (Месечината) и Еос (Зората).[1]
Митологија
Синот на Хиперион, Хелиј, во многу митолошки дела се наведува како Хелиј Хиперион (Ἥλιος Ὑπερίων, "Високо сонце"). Во Одисеја на Хомер, во Теогонија на Хесиод и Хомеровата химна за Деметра, Сонцето по еднаш во секое од делата е наречено Хиперионидес (Ὑπεριωνίδης, "Син на Хиперион"), а Хесиод со сигурност го замислува Хиперион како одвоено битие во другите дела. Во подоцнежната грчка литература, Хиперион секогаш се разликува од Хелиј. Хиперион е опишан со одлики на „Бог на мудроста и на светлината“ додека Хелиј подоцна станува физичка инкарнација на Сонцето. За Хиперион нема многу податоци во грчката култура и митологија и главно се појавува на списокот на дванаесетте Титани:
"За Хиперион ни е кажано дека бил првиот кој, со внимание и набљудување, го разбрал движењето на сонцето и на месечината и на другите ѕвезди, како и на сезоните. Ги сфаќал овие тела и тие факти им ги кажал на другите и од таа причина го викале татко на овие тела откако почнал да зборува за нив и за нивната природа."
— Диодор Сицилиски (5.67.1)
Хиперион многу малку или речиси воопшто не се спомнува во Титаномахијата, епот во кој Олимпијците ги победиле Титаните и ги фрлиле во Тартар.
Како татко на Хелиј, императорот Јулијан во Хиперион го гледал како „првиот принцип,[2] макар што неговата релевантност во теургијата е непознатa.
Извори
- Диодор Сицилиски, Историска библиотека,
- Хесиод, Теогонија
- Хомер, Одисеја
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.