Хиландар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хиландар или Хиландарски манастир (српски: Хиландар; грчки: Χιλανδαρίου) — српски православен манастир на Света Гора, Егејска Македонија. Основан е во 1198 година од страна на Свети Сава и неговиот татко, големиот жупан Стефан Немања (со монашко име Симеон) [1]. Во денешно време Хилендарски манастир е најголемото светилиште на српскиот народ. Тој стои на четврто место во хиерархијата на светогорските манастири. Вклучен е на списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.