From Wikipedia, the free encyclopedia
Хенри Џејнс Фонда (16 мај 1905 – 12 август 1982) бил славен американски филмски актер, добитник на наградата „Оскар“, најпознат по своите улоги на едноставен идеалист. Вештиот, натуралистички глумечки стил и пристап на Фонда бил прв чекор кон популаризацијата на методската глума.
Хенри Фонда | |
---|---|
Хенри Фонда во класикот од 1957 година - 12 гневни луѓе. | |
Роден(а) | Хенри Џејнс Фонда |
Висина | 1.87 м (6 ст 2 ин) |
Сопружник | Маргарет Саливан (25 декември 1931 - 1932) (разведен) Франсис Сејмур Броко (16 септември 1936 - 14 април 1950) (нејзина смрт) 2 деца Сузан Бланшард (28 декември 1950 - мај 1956) (разведен) 1 дете Афдера Франчети (10 март 1957 - јануари 1961) (разведен) Ширли Фонда (3 декември 1965 - 12 август 1982) (негова смрт) |
Фонда започнал како глумец на Бродвеј, а своето деби во Холивуд го имал во 1935 година. Неговата кариера почнала да се качува по нагорна линија по неговата изведба во филмот Плодовите на гневот, за која бил номиниран за „Оскар“. Во текот на својата шестдецениска кариера во Холивуд, Фонда создал силна, привлечна екранска личност со своите улоги во класиците од типот на Инцидентот кај Окс-Боул, Господин Робертс и 12 гневни луѓе. Подоцна, Фонда започнува да игра во предизвикувачки, мрачни епови како Серџо Леоневиот филм Беше еднаш на Дивиот Запад (како злосторник, кој меѓу другото, убива дете и инвалид) како и во лесни комедии од типот на Твое, мое и наше, каде игра заедно со Лусил Бол.
Тој е зачетник на една лоза познати глумци, вклучувајќи ги ќерката Џејн Фонда, синот Питер Фонда, внуката Бриџит Фонда и внукот Трој Герити.
Во 1999 година, од страна на Американскиот филмски институт Хенри Фонда бил прогласен за шестата најголема филмска ѕвезда во историјата.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.