Хемиска синтеза
From Wikipedia, the free encyclopedia
Како тема на хемијата, хемиската синтеза (или комбинација) ― вештачко извршување на хемиски реакции за да се добие еден или повеќе производи.[1] Ова се случува со физички и хемиски манипулации кои обично вклучуваат една или повеќе реакции. Во современите лабораториски употреби, постапката е репродуктивна и сигурна.
Хемиската синтеза вклучува едно или повеќе соединенија (познати како реагенси или реактанти) кои ќе доживеат преобразба кога ќе бидат подложени на одредени услови. Може да се применат различни типови на реакции за да се формулира посакуваниот производ. Ова бара мешање на соединенијата во сад за реакција, како што е хемиски реактор или едноставна колба со тркалезно дно. Многу реакции бараат некаков фоблик на обработка или постапка за прочистување за да се изолира конечниот производ.[1]
Количината произведена со хемиска синтеза е позната како принос на реакцијата. Вообичаено, приносите се изразуваат како маса во грамови (во лабораториски услови) или како процент од вкупната теоретска количина што може да се произведе врз основа на ограничувачкиот реагенс. Несакана реакција е хемиска реакција што се јавува која го намалува саканиот принос. Зборот синтеза најпрво бил употребен во хемиски контекст од хемичарот Херман Колбе.[2]