From Wikipedia, the free encyclopedia
Хамурабиевиот законик (создаден ~ 1760 п.н.е.) е еден од првите збирки закони (законици или кодекси) и најдобро зачуваниот пример на овој вид на документ од Месопотамија. Создател на законикот е Хамураби. Претходни збирки на закони се Законикот на Ур-Наму, крал на Ур (~ 2050 п.н.е.), Законикот на Ешуна (~ 1930 п.н.е.) и Законикот на Липит-Иштар од Исин (~ 1870 п.н.е.).
Законикот набројува кривични дела и ним соодветните казни, како и решенија за чести спорови и водич за поведение на граѓаните. Во законикот нема место за објаснувања и опрадвувања, но, се разбира, дава можност за изложување на докази. За опсежен преглед, видете Вавилонско право.
Законикот стоел јавно, на очиглед на секој; така, никој не можел да се оправдува дека не го познавал законот. Меѓутоа стручњаците претпоставуваат дека во тоа време ретко кој обичен граѓанин знаел да чита.
Хамураби (~ 1810 п.н.е. – 1750 п.н.е.) сметал дека тој бил избран од боговите да му ги даде законите на неговиот народ. Во предговорот на законикот тој вели:
Во горниот дел од стелата, Хамураби е прикажан пред престолот на богот на сонцето Шамаш.
Закооните се нумерирани од 1 до 282 (недостасуваат бр. 13 и 66-99) и се испишани на старовавилонски на 2.5-метарска стела од црн базалт[2] Стелата била откриена во декември 1901 во Суза, Елам, денешен Хузестан, Иран, каде била запленета од Еламскиот крал Шутрук-Нахунте во XII век п.н.е. Денес е изложена во музејот Лувр, Париз.
Овој законик е првиот во кој стои дека некои закони се толку основни, што дури ни кралот не може да ги менува. Хамураби ги исшишал законите во камен, за да бидат непроменливи. Се верува дека изреката „Око за око, заб за заб“ потекнува од овој законик.
Хамурабиевиот законик бил еден од многуте збирки закони во древниот Близок Исток. Највеќето од овие законици произвлегле од слични култури и сродни народи во рамките на релативно мал простор, па така содржат пасуси слични еден на друг. Закониците како претходниот законик на Ур-Наму, од династијата Ур-III (XXI век п.н.е.), хетитскиот законик (~ 1300 п.н.е.) и Тората (~ 1400 п.н.е. под Мојсеј) се одликуват со сличности со Хамурабиевиот законик и другите законици од истата географска територија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.