From Wikipedia, the free encyclopedia
Франц II (германски: Franz II.; 12 февруари 1768 - 2 март 1835) — последниот цар на Светото Римско Царство (1792 до 1806 г.) и, како Франц I, првиот цар на Австрија, (1804 до 1835 г.). Тој ја презел титулата цар на Австрија како одговор на крунисувањето на Наполеон за Француски цар. Откако Наполеон го создал Рајнскиот Сојуз, Франц абдицирал како цар на Светото Римско Царство. Бил крал на Унгарија, Хрватска и Бохемија. Тој исто така служел како прв претседател на Германската конфедерација по нејзиното основање во 1815 година.
Франц II / I | |||||
---|---|---|---|---|---|
Портрет од Јозеф Кројцингер околу 1815 | |||||
Цар на Светото Римско Царство Крал на Римјаните Крал во Германија | |||||
На престол | 5 јули 1792 – 6 август 1806 | ||||
Крунисување | 14 јули 1792, Франкфурт | ||||
Претходник | Леополд II | ||||
Наследник | Наполеон Бонапарт како Заштитник на рајнскиот сојуз | ||||
Надвојвода / Цар на Австрија | |||||
На престол | 1 март 1792/11 август 1804 – 2 март 1835 | ||||
Претходник | Леополд VII | ||||
Наследник | Фердинанд I | ||||
Канцелар | Клеменс фон Метерних | ||||
Претседател на Президиалмахт во Австрија | |||||
Во канцеларија | 20 јуни 1815 – 2 март 1835 | ||||
Наследник | Фердинанд I | ||||
Крал на Унгарија, Хрватска и Бохемија | |||||
На престол | 1 март 1792 – 2 март 1835 | ||||
Крунисување | |||||
Претходник | Леополд II | ||||
Наследник | Фердинанд V | ||||
Крал на Ломбардија и Венеција | |||||
На престол | 9 јуни 1815 – 2 јуни 1835 | ||||
Наследник | Фердинанд I | ||||
Роден(а) | 12 февруари 1768 Фиренца, Тоскана, Свето Римско Царство | ||||
Починал(а) | 2 март 1835 67) Виена, Австриско Царство | (возр.||||
Почивалиште | Царска крипта | ||||
Сопружници |
| ||||
Деца Detail |
| ||||
| |||||
Династија | Хабсбург-Лотаринги | ||||
Татко | Леополд II | ||||
Мајка | Марија Луиза од Шпанија | ||||
Вероисповед | Римокатоличка црква | ||||
Потпис |
Франц II бил најголем противник на Наполеонова Франција во Наполеоновите војни, а по битката кај Аустерлиц претрпел уште неколку порази. Неговиот најтежок личен пораз, најверојатно бил бракот на неговата ќерка Мари Луиз од Австрија со Наполеон на 10 март 1810 година. По абдикцирањето на Наполеон по Војната на Шестата коалиција, Австрија на Конгресот во Виена станала најистакната членка на Светиот сојуз. На Виенскиот конгрес се истакнал канцеларот на Франц Клеменс Венцел, принцот фон Метерних на кој Австрија си ги повратила поранешните територии освоени од Наполеон. Франц во своето подоцнежно владеење се сметал за реакционер, затоа што го формирал Европскиот концерт, кој во силно се спротивставувал на народните националистички и либерални тенденции.
Внуци на Франц II се: Наполеон II (единствениот легитимен син на Наполеон), Франц Јосиф I од Австрија, Максимилијан I од Мексико, Марија II од Португалија и Педро II од Бразил .
Франц бил син на царот Леополд II (1747–1792) и неговата сопруга Марија Луиза од Шпанија (1745–1792), ќерка на Карло III од Шпанија. Роден е во Фиренца, главниот град на Тоскана, каде што неговиот татко владеел како Голем војвода од 1765 до 1790 година. Иако имал среќно детство опкружен со браќата и сестрите,[1] се знаело дека Франц најверојатно ќе биде иден цар (неговиот вујко Јосиф немал живи наследници од неговите два брака), и така во 1784 година, младиот надвојвода бил испратен во Царскиот двор во Виена за да учи и да се подготви за идната улога.[1]
Самиот цар Јосиф II ја презел одговорноста за развојот на Франц. Царот бил многу строг со него. Јосиф напишал дека Франц бил „закочен во растот“, „заостанат во телесната умешност“ и „ни повеќе ни помалку дете од разгалена мајка“.[1]
Младиот надвојвода бил изолиран, со образложение дека тоа ќе го направи посамодоволен. За да ја заврши обуката, Франц бил испратен во армиски полк во Унгарија и лесно се прилагодил на рутината на воениот живот.[1]
По смртта на Јосиф II во 1790 година, таткото на Франц станал цар. Зимата 1791 година, тој се разболел, а здравјето постепено се влошувало на почетокот на 1792 година; на 1 март Леополд починал, на релативно млада возраст од 44 години. Франц, кој само што наполнал 24 години, станал цар, многу порано од очекуваното.
Додека бил на чело на Светото Римско Царство како владетел на пространите мултиетнички хабсбуршки наследни земји, Франц се чувствувал загрозен од француските револуционери, а подоцна и од експанзионизмот на Наполеон, како и од неговите социјални и политички реформи кои биле проширени низ Европа. Франц имал тешки односи со Франција. Неговата тетка Марија Антоанета, сопругата на Луј XVI и француска кралица, била гилотинирана од револуционерите во 1793 година, на почетокот на неговото владеење, иако, општо земено, тој бил рамнодушен на нејзината судбина.[2]
Подоцна, тој го внел Светото Римско Царство во Француските револуционерни војни. Накратко командувал со сојузничките сили за време на Кампањата во Фландрија во 1794 година, а потоа му ја предал командата на неговиот брат надвојводата Карло. Подоцна бил поразен од Наполеон. Со Договорот од Кампо Формио, тој на Франција ѝ го отстапил левиот брег на Рајна во замена за Венеција и Далмација. Тој повторно се борел против Франција за време на војната на втората коалиција.
На 11 август 1804 година, како одговор на тоа што Наполеон си се крунисал за цар на Французите (на почетокот од 1804), Франц II објавил дека ќе ја преземе титулата наследен цар на Австрија како Франц I, што технички било незаконски според царското право. Сепак, Наполеон претходно се согласил и затоа се случило.[3]
За време на Војната на третата коалиција, австриските сили претрпеле катастрофален пораз кај Аустерлиц, а Франц морал да го потпише Пожунски договор, кој многу ја ослабнал Австрија и ја предизвикал пропаста на Светото Римско Царство. Во јули 1806 година, под притисок од Франција, Баварија и петнаесет други германски покраини ги ратификувале статутите за основање на Рајнскиот сојуз, а Наполеон бил назначен за заштитник, и на Царскиот рајхстаг му ставиле до знаење дека сакаат веднаш да го напуштат царството. Потоа, на 22 јули, Наполеон му дал ултиматум на Франц со кој барал да абдицира како цар на Светото Римско Царство до 10 август.[4][5] Пет дена подоцна, Франц соочен со неизбежното и, без да го спомене ултиматумот, навел дека по Пожунскиот мир се трудел да ги исполни своите должности како цар, но дека околностите го убедиле дека повеќе не може да владее во согласност со заклетвата, затоа што тоа било невозможно по создавањето на Рајнскиот сојуз. Тој додал дека „со ова донесуваме декрет дека ја сметаме за распуштена врската што до сега нè поврзуваше со државите на Царството“;[6] всушност го распуштил царството. Истовремено прогласил дека целосно и формално ги повлекува неговите наследни земји од царската јурисдикција.[7] Од тогаш, тој владеел како Франц I, цар на Австрија.
Во 1809 година, Франц повторно ја нападнал Франција, со надеж дека ќе ја искористи полуостровската војна во Шпанија со која бил зафатен Наполеон. Тој бил повторно поразен, и овој пат бил принуден да склучи сојуз со Наполеон, да му отстапи територии на Царството, да се приклучи на континенталниот систем и да му ја даде својата ќерка Мари-Луиз да се венча со Наполеон. Наполеоновите војни драстично ја ослабиле Австрија, таа веќе немала излез на море и не била водечка држава меѓу државите на Германија, позиција која била отстапена на Кралството Прусија.
Во 1813 година, по петти и последен пат, Австрија се свртела против Франција и им се придружила на Велика Британија, Русија, Прусија и Шведска во нивната војна против Наполеон. Австрија имала важна улога во конечниот пораз на Франција. Како признание за ова, Франц, претставен од Клеменс фон Метерних, претседавал со Конгресот во Виена, при што бил формиран Европскиот концерт и Светиот сојуз, по што во Европа била воведена ера на конзервативизам. На Конгресот во Виена од 1815 година бил создаден Германскиот Сојуз, лабаво здружување на држави од Средна Европа како организација на преживеаните држави од Светото Римско Царство. Овој Конгрес бил личен триумф за Франц, кој бил домаќин на различните достоинственици,[1] но Франц им свртил грб на своите сојузници царот Александар и Фридрих Вилијам III од Прусија со преговарање за таен договор со новиот француски крал Луј XVIII.[1]
Франц поради сомнеж создал широка мрежа од полициски шпиони и цензори за следење на населението [8] (во ова тој одел по стапките на татко му, бидејќи Големото Војводство Тоскана ја имало најефективната тајна полиција во Европа).[1] Шпиунирано било и неговото семејство; биле шпиунирани состаноците и активностите на неговите браќа, надвојводите Карло и Јохан.[1] Преовладувала и цензура.[1]
За да се зголеми патриотското чувство за време на војната со Франција, во 1797 година на музиката на Џозеф Хајдн била компонирана химната „Gott erhalte Franz den Kaiser“ за таа да се пее како Кајзерхимна.[9] Текстот подоцна бил адаптирани за подоцнежните цареви а музиката опстојува како Песна на Германците .
На 2 март 1835 година, 43 години и еден ден по смртта на неговиот татко, Франц умрел во Виена од ненадејна треска на 67-годишна возраст. Умрел во присуство на многу членови од неговото семејство.[1] Имал величествен погреб, а неговите поданици три дена со почит поминувале покрај неговиот ковчег во капелата на Хофбург.[1][10] Франц бил погребан во традиционалното почивалиште на хабсбуршките монарси, Царската крипта Капузинер на плоштадот Ноје Маркт во Виена. Тој е погребан во гробот број 57, опкружен со неговите четири сопруги.
Франц II се оженил четири пати:
Од 1806 година тој ги користел титулите: „Ние, Франц Први, по милоста Божја император на Австрија; крал на Ерусалим, Унгарија, Бохемија, Далмација, Хрватска, Славонија, Галиција и Лодомерија ; надвојвода од Австрија ; војвода од Лорена, Салцбург, Вирцбург, Франконија, Штаерска, Корушка и Крањ, Големиот војвода од Краков, голем везир на Трансилванија, маркгроф на Моравија, војводата од Sandomir, Masovia, Лублин, Горна и Долна Шлезија, Аушвиц и Zator, Teschen и Friule ; Принц од Берхтесгаден и Мергентхајм ; кнежевски гроф од Хабсбург, Горица и Градишка и од Тирол ; и Маркграв од Горна и Долна Лужица и во Истра “.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.