![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/76/Sun_diagram.svg/langmk-640px-Sun_diagram.svg.png&w=640&q=50)
Фотосфера
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фотосфера — надворешната обвивка на Сонцето (или на друга ѕвезда) од која тоа зрачи светлина. Станува збор за првиот сончев слој кој се наоѓа на висина од 200 до 300 км и од оттука произлегува светлина која ја оддава Сонцето. Фотосферата е непроѕирна и поради тоа не можат да се забележат внатрешните слоеви на Сонцето.[1][2]
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/76/Sun_diagram.svg/640px-Sun_diagram.svg.png)
1. Јадро 2. Зрачен слој 3. Струевит слој 4. Фотосфера 5. Хромосфера |
6. Корона 7. Сончеви дамки 8. Гранули 9. Протубернанса X. Сончев ветер |
Ѕвездите како гасовити тела немаат јасно утврдена површина. Зрачењетo се оддава од различни висини на сончевата атмосфера во зависност од брановата должина на тоа зрачење. Фотосферата ја дефинираме како слој од кој се оддаваат снопови на фотони, чие присуство може да се утврди со инструмненти на Земјата, а воедно постојат различни видови на зрачења (различни бранови должини) кои делуваат во облик на инфрацрвена светлина, радиобранови, итн.[2]
На фотосферата можат да се забележат дамки, факли и зрнеста структура на површината составена од гранули (со пречник поголем од стотина километри) која е во постојано движење (на површината избиваат поладни маси, а понираат потопли). Температурата се движи од 7000 °C во длабоките слоеви до 4000 °C во повисоките делови. По состав, фотосферата содржи преку 99% водород и хелиум.[1]