Флеволанд
покраина во Холандија From Wikipedia, the free encyclopedia
покраина во Холандија From Wikipedia, the free encyclopedia
Флеволанд (холандски: Flevoland) — најновата покраина во Холандија, основана во 1986 г. со спојување на југот и истокот на Флевополдер со Нордостполдер. Се наоѓа во средишниот дел на земјата, на територијата на некогашниот залив Заудерзе, претворен во слатководното Ајселското Езеро со затворање на насипот Афслаутдајк во 1932 г. Речиси сето земјиште е мелиорирано во 1950-тите и 1960-тите[4] при одвојувањето на езерото Маркермер и пограничниите езера од Ајселското Езеро. Копнениот дел зафаќа површина од 1.412 км2.[5]
Флеволанд Flevoland | |||
---|---|---|---|
покраина | |||
Флеволанд во рамките на Холандија | |||
Земја | Холандија | ||
Создадена | 1986 | ||
Главен град | Лелистад | ||
Најголем град | Алмере | ||
Управа | |||
• Кралев комесар | Лен Фербек | ||
• Совет | Совет на Флеволанд | ||
Површина (2017)[1] | |||
• Вкупна | 2.412 км2 (931 ми2) | ||
• Земјишна | 1.412 км2 (545 ми2) | ||
• Вода | 1.000 км2 (400 ми2) | ||
Население (2020)[2] | |||
• Вкупно | 423.021 | ||
• Густина | 299/км2 (770/ми2) | ||
ИЧР (2018) | 0,912[3] многуј висок | ||
Мреж. место | flevoland.nl |
Покраината има 423.021 жители (2020)[5] и се состои од 6 општини. Главен град е Лелистад, а најголем е Алмере, кој е дел од конурбацијата Рандстад. На крајниот север Флеволанд се граничи со Фризија, на североисток со Оверајсел, а на северозапад со езерата Маркермер и Ајселско Езеро. На југоисток покраината граничи со Гелдерланд; на југозапад се Утрехт и Северна Холандија. Вон урбаните подрачја покраината е претежно земоделска.
Флеволанд е наречен по Флевонското Езеро забележано во римските извори на јужниот крај на подоцна настанатиот залив Заудерзе. Езерото го споменува Помпониј Мела во неговото дело „За хорографијата“ во 44 г. Поради постепеното накачување на морското ниво, на подрачјето се создале повеќе езера кои подоцна се соединиле. Помпониј вели: „Северниот ракав на Рајна се протега до Флевонското Езеро на кои име истоимен остров и потоа се влева во морето како обична река“. Со продолжетокот на процесот Заудерзе станал залив отворен од ова езеро.
Некаде помеѓу 790 и 1250 г. Флевонското Езеро се поврзало со Северното Море и со тоа се потопиле неколку села. Новонастанатото внатрешно море се нарекувало Алмере, по кое е наречен денешниот град.
По поплавата во 1916 г. било решено заливот Заудерзе да се затвори и мелиорира во проектот „Заудерзе“. Други извори[6] посочуваат на други наврати и причини, но познато е дека во 1932 г. е завршен насипот Афслаутдајк, кој сосема го одвои Заудерзе од морето. Подоцна Заудерзе е поделено на Ајселското Езеро на крајот од реката Ајсел) и езерото Маркермер, предвидено за исцедување за да се направи Меркервард. Изградбата на Меркервард не се остварила поради кусокот од средства во повоеното време.
Првото мелиорирано земјиште е североисточниот полдер (наречен Нордостполдер) во 1942 г. Со ова се опфатени и дотогашните мали острови Урк and Схокланд. Земјиштето најпрвин било приклучено кон покраината Оверајсел.
Потоа е изграден југозападниот полдер Флевополдер; југоисточната половина е завршена во 1957, а другите делови во 1968 г.
A key feature of the latter is a narrow body of water, kept at 3 metres below sea level, along the old coastline to stabilise нивото на подводните води and to prevent coastal towns from losing their waterfront and access to the sea. Thus, the Флевополдер became вештачки остро поврзан со копното со мостови. Во 1986 г. општините на трите дела изгласале да станат покраина.
До денес покраината остварува приходи од цвеќарството, земјоделството и туризмот. Во поново време изградени се голем број на ветерни турбини како извор на обновлива енергија.
|
Во 2018 г. бруто домашниот производ (БДП) на покраината изнесувал 14 милијарди евра, што сочинува 1,8 % од производството на Холандија. БДП по глава на жител прилагоден на куповната моќ бил 29.500 евра.[7]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.