From Wikipedia, the free encyclopedia
Бруто-домашен производ (БДП) (англиски: gross domestic product, GDP) — еден од основните показатели на големината и успехот на една економија. Тој е централна макроекономска категорија преку која се мери вкупната економска активност на една земја.
Бруто-домашниот производ се дефинира како вкупната пазарна вредност на сите произведени финални добра и услуги во една земја во одреден период (вообичаено, една година). Според тоа, во БДП се вклучуваат само финалните добра, т.е. се исклучува вредноста на интермедијарите производи во производството. Изразот бруто се однесува на фактот дека амортизацијата на капиталните фондови е вклучена во пресметката на БДП. Значи, доколку се одземе амортизацијата на капиталните фондови би се добил нето домашен производ.
Бруто-домашниот производ претставува збир на вредноста на вкупно произведените финални добра и услуги на една земја во текот на една година. Дефиницијата содржи неколку битни одлики:
Постојат три пристапа за пресметка на БДП:[2]
Притоа, сите тие треба да дадат идентични резултати, доколку се применуваат правилата, концептите и дефинициите дадени од SNA2008.
Целта на потрошувачкиот односно расходен метод е да ги собере вредностите на сите добра и услуги преку евиденцијата на потрошувачката на добра и услуги. Притоа, според овој метод, БДП се пресметува на следниов начин:
каде што:
Уште еден начин да се измери БДП е според факторите на производство, односно со собирање на сите трошоци потребни за да се произведе еден производ, додавање на амортизацијата и додавање на индиректни даноци. Претпријатијата ангажираат инпути, односно фактори на производство: труд, капитал, земја и претприемачи. Тие имаат своја цена: наемнина, камата, рента и профит. Ако ги сумираме вака направените трошоци од страна на претпријатијата, на ниво на вкупна економија, се доаѓа до категорија којашто економистите ја нарекуваат општествен доход.[3]
За да стигнеме до БДП, неопходно е предвид да се имаат уште две ставки:
Прво, во продажните цени на добрата и услугите се содржани индиректни даноци (акцизи, ДДВ)
Понатаму, нето-општествениот доход треба да се зголеми за износот на амортизација (депрецијација)
Основните проблеми при мерењето на БДП се:[4]
Од аспект на макроекономските анализи корисна е поделбата на номинален и реален БДП. Номиналниот БДП ја мери вредноста на производството во определен временски период, пресметана со користење на цените кои важат за тој период. Оттука, номиналниот БДП се пресметува така што реалниот БДП се множи со дефлаторот на БДП и производот се дели со 100.[5]
Номиналниот бруто-домашен производ претставува вредност на вкупно произведените финални добра и услуги во економијата пресметан според тековни цени. Тековните цени меѓутоа го содржат и влијанието на инфлацијата во соодветната година. Порастот на номиналниот бруто-домашен производ во една земја може да биде резултат не само на порастот на произведените количини на финални добра и услуги во тековната година, туку и резутат на порастот на општото ниво на цените во економијата под дејство на инфлацијата. Доколку стапката на инфлација е повисока, сосема е можно да се случи номиналниот бруто-домашен производ да покажува пораст и во услови кога нивото на производство во тековната година се намалило во однос на претходната. Номиналниот бруто-домашен производ не ги одразува реалните промени во вкупното производство на економијата. Затоа, неопходно е да се пресмета т.н. „реален бруто-домашен производ“.
Со цел да се опфатат сите промени кои настанале, потребно е да се дефлационира номиналниот БДП, со определен општ индекс на цени, познат како дефлатор на БДП. Реалниот БДП ја мери вредноста на производството во една економија со изолирање на ефектот од ценовните промени, односно користење на цените од некој базен период. Дефлаторот на БДП претставува индекс што го мери просечното ниво на цените на производство во економијата во однос на базната година. Процентуалните промени во дефлаторот на БДП ја одразуваат стапката на ценовните промени на сите стоки и услуги во економијата.[5] Реалниот бруто-домашен производ ја претставува вредност на вкупно произведените финални добра и услуги во економијата искажана, пресметана, според постојани, константни цени. Реалниот бруто-домашен производ ги одразува промените во вкупнотo производство на економијата кои се резултат само на промените на произведените количини на добра и услуги, а не резултат на промените на цените на добрата и услугите. Овој показател е ослободен од дејството на инфлацијата.
Од номиналниот БДП може да се добие реалниот БДП ако номиналниот БДП го поделиме со (1+(инфлација/100). На пример, ако номиналниот БДП е 100$, а инфлацијата изнесува 5%, тогаш за да стигнеме до реалниот БДП треба 100 да го поделиме со 1,05, т.е. 100/1,05 = 95,24. За утврдување на растот на една економија се пресметува порастот на реалниот БДП од година на година, изразен во проценти. Пример, ако во некоја година, Македонија имала економски раст од 10%, тоа значи дека во таа година, реалниот БДП пораснал за 10% во однос на претходната година. За меѓународни споредби, вообичаено е БДП на земјите да се изразува во американски долари. Меѓутоа, имајќи предвид дека куповната моќ на еден долар се разликува од земја до земја, со цел да се добие претстава за вкупната вредноста на добрата создадени во една економија, БДП се изразува по паритетот на куповна моќ. Најпосле, како мерка на животниот стандард на населението се употребува показателот „БДП по глава на жител“ (GDP per capita).[6]
Фактичкиот БДП ги покажува само краткорочните варирања, флуктации на БДП од година на година. Потенцијалниот БДП е показател за долгорочната тенденција на бруто-домашниот производ, т.е. ги покажува вистинските производни можности во земјата. Кога економијата функционира на нивото на својот потенцијален БДП, тоа значи дека сите расположливи ресурси на земјата ефикасно се користат. Тогаш, сите фактори на производство се високоангажирани и се остварува оптимално вкупно производство. Затоа, потенцијалниот БДП често се нарекува и бруто-домашен производ на ниво на полна вработеност. Потенцијалниот БДП не е максимален производ, туку се сведува на максимално одржлив производ, максимален обем на производство што една економија може да го осигура без да се наруши ценовната стабилност, без да се предизвика инфлација.
Фактичкиот БДП постојано флуктуира, над и под потенцијалниот БДП. Разликата помеѓу фактичкиот и потенцијалниот БДП во текот на една годинасе нарекува „јаз на БДП“ (GDP gap). Кога фактичкиот БДП е над потенцијалниот, тоа значи дека економијата е во фазата на експанзија, којашто може да премине во висока и неконтролирана инфлација. Кога фактичкиот БДП е под потенцијалниот, тогаш економијата се наоѓа во фазата на рецесија, која, ако долго трае и се продлабочува, може да премине во депресија. Движењето на фактичкиот БДП над и под потенцијалниот го одразува само цикличниот развој на економијата, односно ги одразува т.н бизнис циклуси или економски циклуси во економијата – замената на експанзијата со рецесија и обратно.[7]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.