американски сликар From Wikipedia, the free encyclopedia
Томас Коул (1 февруари 1801 — 11 февруари 1848 ) — американски уметник роден во Англија и основач на уметничкото движење Школа на реката Хадсон.[1][2] Коул нашироко се смета за првиот значаен американски сликар на предели. Познат е по неговите романтични предели и историски слики. Под влијание на европските сликари, но со силен американска чувствителност,[3] бил плоден во текот на неговата кариера и првенствено работел со масло на платно. Неговите слики се типично алегорични и често прикажуваат мали фигури или структури во тажни и предизвикувачки природни предели. Тие го прикажуваат Новиот Свет како природен Еден во контраст со градските предели исполнети со смог на Британија од времето на Индустриската револуција, во која тој пораснал.[4][5] Неговите дела, кои често се сметаат за конзервативни, ги критикуваат тогашните трендови на индустријализмот, урбанизмот и ширењето на западот.[3]
Томас Коул Thomas Cole | |
---|---|
Дагеротип на Коул од непознат фотограф, околу 1845, објавена во Архиви на Американскиот уметнички журнал | |
Роден(а) | февруари 1, 1801 Болтон ле Мурс, Ланкашир, Англија |
Починал(а) | февруари 11, 1848 47) Кетскил, Њујорк, САД | (возр.
Познат(а) по | Сликарство, маслено сликарство |
Значајни дела | Титановиот пехар Патот на царството Оксбоу Патешествие на животот |
Правец | Школа на реката Хадсон |
Роден е во Болтон ле Мурс, Ланкашир, во 1801 година,[6] а во 1818 година со своето семејство се иселил во САД, населувајќи се во Стубенвил, Охајо. На 22-годишна возраст, се преселил во Филаделфија, а подоцна, во 1825 година, во Кеткил, Њујорк, каде што живеел со сопругата и децата до неговата смрт во 1848 година.[7]
Коул рано нашол работа како гравер. Главно бил самоук како сликар, потпирајќи се на книги и проучувајќи ја работата на другите уметници. Во 1822 година, започнал да работи како сликар на портрети, а подоцна постепено го пренасочил своето внимание на пределот.[8]
Во Њујорк, Коул му продал три слики на Џорџ В. Бруен,[9] кој потоа го финансирал летното патување во Хадсоновата Долина каде уметникот создавал пределни слики - Планинска куќа Кетскил, познатите Катерскилски Водопади, урнатините на Форт Патнам и два погледи на Студената пролет.[10] [11] Враќајќи се во Њујорк, тој прикажал пет предели во излогот на книжарницата на Вилијам Колман. Според Њујорк ивнинг пост (New York Evening Post), двете слики „Студена пролет“ биле купени од А. Сетон, кој во 1826 години, сликите и ги дал на заем на годишната изложба на Американската академија за ликовни уметности. Ова го привлече вниманието на Коул на Џон Трамбул, Ашер Б. Дуранд и Вилијам Данлап. Меѓу сликите бил и пределот наречен Поглед на Форт Тикондерога од Гелина. Трамбул бил особено импресиониран од Делата на младиот уметник оставиле особен впечаток на Трамбул кој го побарал, купил една од неговите слики и му воспоставил врски со голем број негови богати пријатели[6] вклучувајќи ги Роберт Гилмор од Балтимор и Даниел Вадсворт од Хартфорд, кои станале важни покровители на уметникот.
Коул првенствено бил сликар на предели, но сликал и алегориски дела. Најпознати од нив е низата од пет дела, Патот на царството, што го прикажува истиот предел со генерации - од скоро природна состојба до завршување на царството, а потоа пад и пустош - сега во збирката на Њујоршкото историско друштво и четириделната низа Патешествие на животот. Постојат две верзии на последнава, изворната од 1840 година во Институтот за уметност Мансон-Вилијамс-Проктор во Утика, Њујорк и репликите од 1842 година со мали измени во Националната галерија во Вашингтон. Меѓу другите познати дела на Коул се Оксбоу (1836), Засекот на Белите Планини, Даниел Бун во неговата кабина кај Големото Езеро Осаж и Езерото со мртви дрвја (1825) кое се наоѓа во Меморијалниот уметнички музеј на Ален.[12] Тој, исто така, ја насликал Еденската градина (1828), со раскошни детали на Адам и Ева кои живеат меѓу водопади, растенија и елени.[13] Во 2014 година биле откриени фризови што ги насликал Коул на ѕидовите од својот дом.[14]
Коул имал влијание на неговите современици во уметничкото движење подоцна наречено „Школа на реката Хадсон“, особено на Ашер Б. Дуранд и Фредерик Едвин Черч. Черч учел со Коул од 1844 до 1846 година, каде што ја научил техниката на Коул за скицирање од природата и подоцна развивање идеализирана, завршена композиција. Влијанието на Коул е особено забележливо во раните слики на Черч.[15] Коул, времето од 1829 до 1832 и од 1841 до 1842 година, го поминал во странство, главно во Англија и Италија.[6]
Коул е најпознат по неговата работа како американски пределен уметник. Во една статија од 1836 година[16] „Американско пределно сликарство“,[17] тој ја опишал својата сложена врска со американскиот предел во естетски, емоционален и духовен поглед. Тој, исто така, направил илјадници скици на различна тема. Над 2.500 од овие скици може се изложени во Институтот за уметност во Детроит.
Во 1842 година, Коул тргнал на голема турнеја низ Европа во обид да учи во стилот на старите мајстори и да ги наслика нејзините предели. Највпечатлив за Коул беше највисокиот активен вулкан во Европа, планината Етна. Коул бил толку трогнат од убавината на вулканот што направил неколку скици и најмалку шест негови слики.[18] Најпознатото од овие дела е Погледот на планината Етна од Таормина, масло на платно со големина 200 на 300 см. Коул, исто така, направил детална скица Поглед на планината Етна која покажува панорамски поглед на вулканот со урнати ѕидови на древниот грчки театар Таормина, крајно десно.
Коул исто така бил поет и се занимавал со архитектура, вообичаена практика во времето кога професијата не била толку кодифицирана. Коул бил учесник на конкурсот за дизајн одржан во 1838 година за создавање на Државната куќа во Охајо во Колумбус, Охајо. Неговиот влез го освоил третото место, а многумина тврдат дека завршената зграда, составена од првото, второто и третото место, има голема сличност со влезот на Кол.[19]
По 1827 година, Коул одржувал студио на фармата наречена Седар Гроув, во градот Кетскил, Њујорк. Во ова студио насликал значаен дел од своите дела. Во 1836 година, се оженил со Марија Бартоу од Кетскил, внука на сопствениците, и станал постојан жител на местото. Томас и Марија имаа пет деца.[б 1] Ќерката на Коул, Емили, била ботаничка уметничка која работела во акварел и сликала порцелан.[20] Сестрата на Коул, Сара Коул, исто така била сликарка на предели.
Дополнително, Коул имал многу пријателства со важни личности во уметничкиот свет, вклучувајќи го и Даниел Вадсворт, со кого бил близок пријател. Доказ за ова пријателство може да се види во писмата што биле откриени во 1980-тите во библиотеката на колеџот Тринити Воткинсон. Во јули 1832 година, Коул емотивно му напишал на Вадсворт: „Поминаа години откако те видов и времето и светот несомнено направи многу промени кај нас двајцата; но сеќавањето на твоето пријателство... [не] никогаш не избледе во мојот ум и на тие задоволства гледам како на „цвеќиња што никогаш нема да растат во друга градина“.[21] Томас Коул починал во Кетскил на 11 февруари 1848 година од плеврит.[22] Четвртиот највисок врв во областа Кетскилс во негова чест го добил иметоТомас Коул.[23] Седар Гроув бил прогласен за национално историско место во 1999 година и сега е отворен за јавноста.[24]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.