![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/7/76/Todor_Burmov.jpg/640px-Todor_Burmov.jpg&w=640&q=50)
Тодор Бурмов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тодор Бурмов, роден како Тодор Стојанов Бурмов (руски: Тодор Стоянов Бурмов; Габрово, 14 јануари 1834 ― Софија, 7 ноември 1906) ― истакнат русофилски политичар од Бугарија,[1][2] служел како првиот премиер на Бугарија. После неговото кратко трајно премиерство станал министер за внатрешни работи, образование и науки и две мандати за министер на финансии. Низ неговиот живот бил словенофил но постепено станал русофил, покрај ослободувањето на Бугарија станал голем русофил со единствени интереси во Русија наместо Бугарија.[3]
Тодор Бурмов | |
---|---|
![]() | |
Слика од Тодор Бурмов | |
1от Премиер на Бугарија | |
На должноста 17 јули, 1879 – 6 декември, 1879 | |
Монарх | Александар I Батенберг |
Претходник | никој |
Наследник | Васил Друмев |
Министер на внатрешни работи | |
На должноста 17 јули, 1879 – 6 декември, 1879 | |
Премиер | Самиот себеси |
Претходник | никој |
Наследник | Димитар Греков |
Министер за образование и наука | |
На должноста 17 јули, 1879 – 7 август, 1879 | |
Премиер | Самиот себеси |
Претходник | никој |
Наследник | Георги Атанасович |
Министер за финансии | |
На должноста 18 март, 1883 – 19 септември, 1883 | |
Премиер | Леонид Соболев |
Претходник | Леонид Соболев |
Наследник | Григор Начович |
На должноста 21 август, 1886 – 24 август, 1886 | |
Премиер | Васил Друмев |
Претходник | Петко Каравелов |
Наследник | Иван Гешов |
Лични податоци | |
Роден(а) | 14 јануари, 1834 Габрово, Отоманско Царство |
Починал(а) | 7 ноември, 1906 Софија, Кнежевство Бугарија |
Помеѓу 1896 и 1897 за време на Критското востание ја напишал брошурата „Братско објаснување на Бугарин на неговите сограѓани Бугари“ каде што го сметал бугарскиот народ како потомци на Русите и дека народот требал да се ориентира кон Русија,[4] Бурмов исто така го потврдил руското учество врз формирањето на денешниот јазик во Бугарија.[5] За време на премиерството на Стефан Стамболов, Бурмов како голем дел од тогашните русофили биле уапсани и изолирани како обид од тогашната влада на Бугарија да формирала вештачки бугарски идентитет.[6]