белгиски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Тиш Бенот (холандски: Tiesj Benoot; р. 11 март 1994 во Гент) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Џамбо-Висма.[1]
Бенот во 2020 година | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Тиш Бенот | ||
Роден | 11 март 1994 Гент, Белгија | ||
Висина | 1,90 м | ||
Маса | 72 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Џамбо-Висма | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | специјалист за класици универзален возач | ||
Аматерски клубови | |||
2012 2013-2014 2014 | Авија-Фуџи-Јут Лото-Белисол У23 Лото-Дстни (тренинг) | ||
Професионални клубови | |||
2015-2019 2020-2021 2022- | Лото-Судал Тим Санвеб Џамбо-Висма | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 10 ноември 2022 |
Бенот станал професионалец со белгиската екипа Лото-Дстни во 2015 година, откако возел за младинската екипа во периодот 2013-2014 и возел некои трки како стажант во есента 2014 година.[2]
Бенот имал директни резултати во професионалните води како петти на неговата прва Трка околу Фландрија.[3] Подоцна во сезоната ги покажал своите вештини на етапните трки, завршувајќи втор зад Грег ван Авермат на Трката околу Белгија.[3] Исто така, завршил трипати меѓу првите десет на етапи на Критериум ди Дофине.
Бенот покажал вештина да се качува на Критериум ди Дофине 2017, каде завршил на 12. место на крајот на трката.[4] Во јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017.[5] Бенот завршил на 20. место на крајот на трката на неговиот прв настап на некоја голема трка.
Бенот ја имал својата прва професионална победа во март 2018 година, кога дошол сам до победа на трката Страде Бјанке при пороен дожд откако нападнал од групата, достигнувајќи ги предводниците Ромен Барде (АГ2Р-Ла Мондијал) и Ваут ван Ерт (Верандас Вилемс-Крелан) пред да ги претекне во завршниот сектор на калливите патишта. Бенот дошол сам до победа со 39 секунди пред Барде.[6]
Во август 2018 година бил вклучен во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2018.[7]
Во август 2019 година, Бенот потпишал двегодишен договор со Тим Санвеб започнувајќи од 2020 година.[8] Завршил втор на крајот на Париз-Ница 2020, освојувајќи етапа и бодовниот пласман.[9][10] Откако бил на принудна суспензија поради поради пандемијата на КОВИД-19, Бенот завршил меѓу првите десет на Лиеж-Бастоњ-Лиеж (осми) и на Трката околу Фландрија (десетти).[11][12] Исто така го продолжил неговиот договор со екипата до крајот на сезоната 2022 во август 2020 година.[13] Бенот немал победи во 2021 година, а најдобар резултат му било петтото место на Париз-Ница.[14]
Во декември 2021 година, Бенот бил ослободен од неговиот договор со Предлошка:Cycling data DSM men една година претходно и подоцна потпишал двегодишен договор со Џамбо-Висма почнувајќи од 2022 година.[1] Ја имал својата прва трка со екипата на Омлоп Хет Ниусблад[15] и забележал прва завршница меѓу првите десет со деветтото место на Е3 Саксо Банк Класик следниот месец.[16] Завршил втор на Дварс дор Вландерен, напаѓајќи ја водечката група во последните два километри, пред да биде претекнат од Матје ван дер Пул на завршницата во Варегем.[17] Откако предводникот на екипата Ваут ван Ерт се откажал поради КОВИД-19, Бенот го споделил водството на Џамбо-Висма на Трката околу Фландрија следниот викенд,[18] со Кристоф Лапорт; Лапорт завршил деветти додека Бенот бил тринаесетти.[19] Следниот викенд, Бенот завршил трет на Амстел Голд Рејс,[20] напаѓајќи од главната група во завршниот километар на трката. Тим Џамбо-Висма имал историски резултат на Тур де Франс 2022. Бенот одиграл клучна улога поддржувајќи ги предводниците на екипата, особено откако повреди и откажувања го земале својот данок на трката.[21] Ја преживеал трката и ја поминал целта во триумф со неговите преостанати колеги.
Покрај велосипедизмот, моментално студира економија на Гентскиот универзитет.[22]
Необичното име на Бенот потекнува од американската пејачка Тиш Хинојоса, поради вљубеноста на неговите родители во музиката и името на уметничката.[23]
Распоред на резултатите на големите трки | |||||||||
Голема трка | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | не настапил во текот на својата кариера | ||||||||
Тур | — | — | 20 | СО | 59 | 75 | СО | 36 | |
Вуелта | — | — | — | 95 | — | — | — | — | |
Распоред на резултатите на поважните етапни трки | |||||||||
Етапна трка | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 | |
Париз-Ница | — | — | — | — | — | 2 | 5 | — | |
Тирено-Адријатико | — | 61 | 66 | 4 | 12 | — | — | — | |
Волта а Каталуња | — | — | — | — | — | НСО | — | — | |
Трка околу Баскија | — | — | — | — | — | — | — | ||
Тур де Романди | — | — | — | — | — | — | — | ||
Критериум ди Дофине | 26 | — | 12 | 14 | — | СО | — | 71 | |
Тур де Свис | — | СО | — | — | 4 | НСО | 15 | — |
Монумент | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Милано-Санремо | — | — | 133 | — | — | 20 | — | — |
Трка околу Фландрија | 5 | СО | СО | 8 | 9 | 10 | 12 | 13 |
Париз-Рубе | 100 | 114 | — | — | СО | НСО | — | — |
Лиеж-Бастоњ-Лиеж | — | — | — | 23 | — | 8 | 7 | СО |
Џиро ди Ломбардија | СО | — | 57 | 25 | 24 | — | 29 | — |
Класик | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
Омлоп Хет Ниусблад | 36 | 3 | СО | 59 | СО | 14 | 29 | 66 |
Курне-Брисел-Курне | — | — | 4 | 35 | — | 64 | 21 | 24 |
Страде Бјанке | — | 8 | 8 | 1 | 5 | СО | — | СО |
Е3 Харелбеке | 18 | 7 | 14 | 5 | 16 | НСО | 15 | 9 |
Гент-Вевелгем | — | 15 | — | — | 13 | — | — | 34 |
Дварс дор Вландерен | 6 | 39 | 7 | 7 | 5 | НСО | 23 | 2 |
Брабантсе Пејл | — | — | 3 | 3 | — | — | — | — |
Амстел Голд Рејс | — | СО | 15 | СО | — | НСО | 15 | 3 |
Флеш Валон | — | — | — | 52 | — | — | — | 11 |
Класика де Сан Себастијан | 19 | СО | 9 | — | СО | НСО | — | 3 |
Хамбуршки класик | 46 | — | — | 19 | — | НСО | — | |
Класик Бретања | 22 | 27 | — | — | 2 | — | — | — |
Гран при Квебек | СО | 18 | 12 | — | — | НСО | — | |
Гран при Монтреал | 5 | 13 | 15 | — | — | — | ||
Париз-Тур | 4 | — | — | 6 | — | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.