белгиски фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia
Тимоти Кастањ (роден на 5 декември 1995 година, во Арлон) — белгиски фудбалер, играч од одбраната на Фулам и на белгиската репрезентација.
Тимоти Кастањ | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Тимоти Кастањ[1] | ||
Роден на | 5 декември 1995 | ||
Роден во | Арлон, Белгија | ||
Држава | Белгија | ||
Висина | м[2] | 1,85||
Позиција | одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Фулам | ||
Број | 21 | ||
Младинска кариера | |||
Арлон | |||
Виртон | |||
Генк | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2014-2017 | Генк | 80 | (1) |
2017-2020 | Аталанта | 75 | (5) |
2020-2023 | Лестер Сити | 91 | (5) |
2023- | Фулам | 29 | (1) |
Репрезентација ‡ | |||
2013 | Белгија 18 | 4 | (0) |
2013-2014 | Белгија 19 | 12 | (0) |
2014-2016 | Белгија 21 | 8 | (1) |
2018- | Белгија | 41 | (2) |
* Ажурирано на: 23 април 2021 ** Ажурирано на: 23 април 2021 |
Технички цврст и способен да има офанзивно влијание, Кастањ е брз играч кој најдобро се изразува на позцијата десен бек.[3] Во Аталанта под водството на Гасперини, тој најчесто бил користен како страничен играч од средиот ред по двете страни, благодарение на неговата способност да игра еднакво добро и со десната и со левата нога.
Роден во Арлон, Белгиски Луксембург, Кастањ започнал да игра фудбал во локалните клубови УС Валцинг и Лорен Арлон, пред да се пресели во младинската академија на Виртон, најголемиот клуб во покраината.[4] Потоа, тој тренирал во младинските категории на Стандард Лиеж, за време на периодот кога престојувал во училишниот интернат кој се наоѓал недалеку од клубот, но продолжил да игра натпревари во Виртон за време на викендите.[5]
Во 2011 година, Кастањ се преселил во Генк, откако Стандард одлучи да не го регрутира трајно.[6]
Во јуни 2013 година, тој потпишал професионален договор со клубот на три години. Во јануари 2014 година, тогашниот тренер на Генк, Марио Бен, го вклучил Кастањ во тренинг кампот со првиот тим па откако овој му оставил добар впечаток, бил промовиран трајно во првиот тим за втората половина од сезоната 2013-2014, но не добил можност на дебитира.[7]
Своето деби за Генк, Кастањ го направил под водството на новиот тренер Алекс Меклиш на почетокот на сезоната 2014-2015, играјќи како стартер во натпреварот од првенството против Клуб Бриж (1-1).[8] На 2 мај 2015, го постигнал својот прв гол во кариерата во победата со 7-1 на домашен терен над Васланд-Беверен.[9]
Во сезоната 2016-2017, тој исто така ги имал своите први меѓународни настапи, играјќи 12 натпревари во Лига Европа (дебитирал на 14 јули 2016, против Будуќност во второто квалификациско коло[10]) на кои постигнал два гола, од кои еден бил во белгиското дерби Гент во осминафиналето.[3] После вкупно 99 настапи и 3 гола за Генк, Кастањ го напуштил клубот во летото 2017.
Во јули 2017, потпишал за италијанската Аталанта, во трансфер вреден 6 милиони евра.[11] Дебитирал во Серија А на 10 септември, играјќи од почеток во победата со 2-1 над Сасуоло. Својот прв гол за тимот од Бергамо го постигнал на 2 јануари 2018 година, во натпреварот од Купот на Италија добиен со 2-1 на гостувањето кај Наполи.[12]
По првата сезона на адаптација,[13] втората ја започнал подобро,[14] а на 27 август го постигнал својот прв гол во кариерата во Серија А, во ремито 3-3 на гостувањето против Рома.[15] Втората сезона за него генерално била позитивна,[13] и покрај тоа што морал да се ротира на страничните позиции со Ханс Хатебур, постигнувајќи вкупно 4 првенствени голови; другите голови дошле во вториот натпревар против Рома (пак завршил 3-3, во кој му помогнал на тимот да ја анулира негативата од 3 гола[16]), и во два важни успеси при крајот од првенството против Лацио (1-3)[17] и Џенова (2-1).[18]
Следната година, тој продолжил да се менува со Хатебур; во однос на головите, тој постигнал два: еден во првенството во последната минута во ремито 2-2 против Фјорентина (каде „Божицата“ анулирала негатива од два гола),[19] другиот во Лигата на шампионите, во кој го постигнал првиот гол во успехот од 0-3 против Шахтар Донецк, со што и овозможил на Аталанта да се пласира во осминафиналето.[20]
За 3 години поминати во Бергамо, тој собрал 96 настапи и 8 гола во сите натпреварувања за Аталанта;[21] неговото збогување било поттикнато и од влошениот однос со тренерот Џан Пјеро Гасперини.[22]
На 3 септември 2020, Кастањ го комплетирал својот трансфер во Премиер лигата на Англија, потпишувајќи петгодишен договор со Лестер Сити.[23] На 13 септември 2020, тој го постигнал својот прв гол на своето деби за лисиците во победата со 3–0 над Вест Бромвич Албион;[24][25] тој станал петтиот белгиски играч кој постигнал гол на своето деби во Премиер лигата, по Лук Нилис, Томас Вермален, Кристијан Бентеке и Леандро Тросар.[26] Својата прва сезона во клубот ја завршил со освојување на трофеј, кога Лестер Сити го освоиле првиот ФА Куп во нивната клупска историја, совладувајќи го Челси во финалето со 1-0; Кастањ го започнал финалето од првата минута и го одиграл целиот натпревар.
Во сезоната 2022-2023, Кастањ одиграл 37 од 38-те натпревари на Лестер Сити во Премиер лигата (пропуштајќи го само натпреварот од петтото коло против Манчестер Јунајтед на домашен терен во кој останал на клупата) постигнувајќи два гола, но истата завршила неславно за лисиците со испаѓање од елитната дивизија по 9 години. И покрај испаѓањето на Лестер, тој останал да игра во Премиер лигата, потпишувајќи за Фулам на 29 август 2023.[27][28]
Кастањ е поранешен младински репрезентативец на Белгија во селекциите под 18, под 19 и под 21 година. За последната дебитирал во 2015 година, постигнувајќи гол за победа уште на неговото деби.
Своето деби за сениорите го имал на 7 септември 2018 во пријателски натпревар против Шкотска,[29] додека првиот погодок го постигнал на 8 јуни 2019, во победата со 3-0 над Казахстан во квалификациите за Европското првенство 2020. Откако Белгија се квалификувала за споменатиот турнир, тој се нашол на списокот играчи кој учествувале, забележувајќи таму еден настап, во победата со 3-0 над Русија. Тој го започнал натпреварот против русите во почетната постава, но морал да го напушти теренот во 27-мата минута откако се судрил директно со противничкиот играч Далер Кузјаев. Подоцна било утврдено дека Кастањ доживеал двојна скршеница на окото, по што морал да се повлече од остатокот на турнирот.[30]
Во декември 2022, тој бил повикан за Светско првенство 2022 во Катар. Таму тој ги одиграл сите три натпревари на Белгија во групната фаза, по која репрезентацијата била елиминирана.
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Белгија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
7-9-2018 | Глазгов | Шкотска | 0 – 4 | Белгија | Пријателска | - | 46' | |
16-10-2018 | Брисел | Белгија | 1 – 1 | Холандија | Пријателска | - | 73' | |
21-3-2019 | Брисел | Белгија | 3 – 1 | Русија | Квал. за Евро 2020 | - | ||
24-3-2019 | Никозија | Кипар | 0 – 2 | Белгија | Квал. за Евро 2020 | - | ||
8-6-2019 | Брисел | Белгија | 3 – 0 | Казахстан | Квал. за Евро 2020 | 1 | ||
10-10-2019 | Брисел | Белгија | 9 – 0 | Сан Марино | Квал. за Евро 2020 | 1 | ||
16-11-2019 | Санкт Петербург | Русија | 1 – 4 | Белгија | Квал. за Евро 2020 | - | ||
5-9-2020 | Копенхаген | Данска | 0 – 2 | Белгија | УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза | - | ||
8-10-2020 | Брисел | Белгија | 1 – 1 | Брег на Слоновата Коска | Пријателска | - | 90' | |
11-10-2020 | Лондон | Англија | 2 – 1 | Белгија | УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза | - | ||
14-10-2020 | Рејкјавик | Исланд | 1 – 2 | Белгија | УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза | - | 68' | |
24-3-2021 | Левен | Белгија | 3 – 1 | Велс | Квал. за СП 2022 | - | 83' | |
27-3-2021 | Прага | Чешка | 1 – 1 | Белгија | Квал. за СП 2022 | - | 25' | |
6-6-2021 | Брисел | Белгија | 1 – 0 | Хрватска | Пријателска | - | ||
12-6-2021 | Санкт Петербург | Белгија | 3 – 0 | Русија | Евро 2020 - Прва фаза | - | 27' | |
5-9-2021 | Брисел | Белгија | 3 – 0 | Чешка | Квал. за СП 2022 | - | ||
8-9-2021 | Казањ | Белорусија | 0 – 1 | Белгија | Квал. за СП 2022 | - | ||
7-10-2021 | Торино | Белгија | 2 – 3 | Франција | УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Полуфинале | - | 90+2' | |
10-10-2021 | Торино | Италија | 2 – 1 | Белгија | УЕФА Лига на нации 2020-2021 - за 3. место | - | ||
13-11-2021 | Брисел | Белгија | 3 – 1 | Естонија | Квал. за СП 2022 | - | ||
16-11-2021 | Кардиф | Велс | 1 – 1 | Белгија | Квал. за СП 2022 | - | 59' | |
3-6-2022 | Брисел | Белгија | 1 – 4 | Холандија | УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза | - | ||
8-6-2022 | Брисел | Белгија | 6 – 1 | Полска | УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза | - | 84' | |
14-6-2022 | Варшава | Полска | 0 – 1 | Белгија | УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза | - | ||
25-9-2022 | Амстердам | Холандија | 1 – 0 | Белгија | УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза | - | 6' 82' | |
18-11-2022 | Кувајт | Белгија | 1 – 2 | Египет | Пријателска | - | 82' | |
23-11-2022 | Ал Рајан | Белгија | 1 – 0 | Канада | СП 2022 - Прва фаза | - | детали | |
27-11-2022 | Доха | Белгија | 0 – 2 | Мароко | СП 2022 - Прва фаза | - | детали | |
1-12-2022 | Ал Рајан | Хрватска | 0 – 0 | Белгија | СП 2022 - Прва фаза | - | детали | |
24-3-2023 | Солна | Шведска | 0 – 3 | Белгија | Квал. за Евро 2024 | - | ||
28-3-2023 | Келн | Германија | 2 – 3 | Белгија | Пријателска | - | ||
17-6-2023 | Брисел | Белгија | 1 – 1 | Австрија | Квал. за Евро 2024 | - | ||
20-6-2023 | Талин | Естонија | 0 – 3 | Белгија | Квал. за Евро 2024 | - | 4' | |
9-9-2023 | Баку | Азербејџан | 0 – 1 | Белгија | Квал. за Евро 2024 | - | ||
12-9-2023 | Брисел | Белгија | 5 – 0 | Естонија | Квал. за Евро 2024 | - | 66' | |
13-10-2023 | Виена | Австрија | 2 – 3 | Белгија | Квал. за Евро 2024 | - | 63' | |
16-10-2023 | Брисел | Белгија | 1 – 1 | Шведска | Квал. за Евро 2024 | - | ||
15-11-2023 | Левен | Белгија | 1 – 0 | Србија | Пријателска | - | 77' | |
19-11-2023 | Брисел | Белгија | 5 – 0 | Азербејџан | Квал. за Евро 2024 | - | ||
23-3-2024 | Даблин | Ирска | 0 – 0 | Белгија | Пријателска | - | 46' | |
26-3-2024 | Лондон | Англија | 2 – 2 | Белгија | Пријателска | - | ||
Вкупно | Настапи | 41 | Голови | 2 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.