Теорија за судирите
From Wikipedia, the free encyclopedia
Теоријата на судирите, предложена од Макс Трауц[1] и Вилијам Луис во 1916 и 1918, квалитативно објаснува како се одвиваат хемиските реакции и зошто брзината на одвивање е различна кај истите.[2]. Оваа теорија се основа на идејата дека честичките од реактантите мораат да се судрат за да се случи хемиската реакција, но само одреден дел од вкупните судири ја имаат потребната енергија за делотворно поврзување, со што реактантите се претвораат во производи. Ова е вака, бидејќи само дел од молекулите имаат доволно енергија и точна (правилна) ориентација (или "агол") во моментот на судирот за да ги раскинат сите постоечки хемиски врски и да образуваат нови. Минималното количество на енергија потребно за судир е познато како активациона енергија. Честичките од различните хемиски елементи реагираат еден со друг со испуштање на активационата енергија при самиот судир. Доколку елементите реагираат, судирот е успешен, но доколку концентрацијата на барем еден од елементите е премногу ниска, ќе има помалку честички за да другите елементи реагираат и реакцијата ќе се одвива мошне побавно. Со зголемување на температурата, просечната кинетичка енергија и брзина на молекулите се зголемува, но ова незначително го зголемува бројот на судири. Брзината на реакцијата се зголемува со зголемување на температурата, бидејќи поголем дел од судирите ја надвладуваат активационата енергија.
Теоријата на судири е поврзана со хемиската кинетика.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/8/81/%D0%A2%D0%B5%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D1%80%D0%B8.jpg/640px-%D0%A2%D0%B5%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8%D1%80%D0%B8.jpg)