Кинетичка енергија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Во физиката, кинетичка енергија е енергијата што ја поседува едно тело што е во движење. Се определува како работата потребна за едно тело со определена маса да добие забрзување од положба на мирување до дадена брзина. Добиената енергија при забрзувањето (кинетичката енергија) телото ја одржува сè додека не се промени неговата брзина. Телото ја врши истата работа и при забрзување со намалување на брзината од неговата моментна брзина до состојба на мирување.
Кратки факти Кинетичка енергија, Симболи ...
Кинетичка енергија | |
---|---|
Количките на лудата железница ја постигнуваат својата максимална кинетичка енергија кога се на дното од нивната патека. Кога започнуваат да се искачуваат кинетичката енергија се претвора во гравитациска потенцијална енергија. Збирот на кинетичката и потенцијалната енергија во ситемеот е постојан, се занемаруваат губитоците поради триењето. | |
Симболи | KE, Ek, или T |
SI-единица | џул (J) |
Изведенки од други величини | Ek = ½mv2 Ek = Et+Er |
Затвори
Во класичната механика кинетичката енергија на тело кое не ротира и при тоа има маса m и брзина v е еднаква на . Во релативистичката механика ова е добра проценка само кога v е помала од брзината на светлината.
Meрна единица за кинетичка енергија е 1 ЏУЛ.