Теодор Момзен
From Wikipedia, the free encyclopedia
Кристијан Матијас Теодор Момзен (германски: Christian Matthias Theodor Mommsen; р. 30 ноември 1817 во Гардинг — п. 1 ноември 1903 во Шарлотенбург) — германски историчар и писател, добитник на Нобелова награда за литература во 1902 година[1] за големото мајсторство во пишувањето дела со историска тематика и посебно за монументалната „Историја на Рим“.[2] Неговите дела поврзани со римската историја сè уште се од суштествено значење за современата наука. Исто така бил истакнат германски политичар, како член на пруските и германски парламенти и член на разни партии. Неговите дела на римското граѓанско право и на облигациското право имале значајно влијание на германското граѓанско право.
Кратки факти Теодор Момзен, Роден(а) ...
Теодор Момзен | |
---|---|
![]() Кристијан Матијас Теодор Момзен | |
Роден(а) | 30 ноември 1817(1817-11-30) Гардинг, Шлезвиг |
Починал(а) | 1 ноември 1903(1903-11-01) (возр. 85) Шарлотенбург, Германско Царство |
Националност | Германец |
Полиња | класичар, правник, историчар |
Установи | Лајпцишки универзитет Циришки универзитет Бреслауски универзитет Берлински универзитет |
Образование | Килски универзитет |
Значајни студенти | Едвард Шварц |
Поважни награди | Pour le Mérite (граѓанин) Нобелова награда за литература 1902 |
Затвори