Теизам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Теизам[1][2] — верба во постоењето на врвно суштество или богови.[3][4] Вообичаено, или кога е спротивставен на деизмот, овој термин често ја опишува класичната концепција за Бога што се наоѓа во монотеизмот (исто така се нарекува и класичен теизам) - или богови што се наоѓаат во политеистичките религии - верување во Бога или во богови без отфрлање на откровението како што е карактеристично за деизмот.[5][6]
Атеизмот најчесто се сфаќа како неприфаќање или отфрлање на теизмот во најширока смисла на теизмот, т.е. неприфаќање или отфрлање на верувањето во Бог или во боговите.[7] Тврдењето дека постоењето на кое било божество е непознато или не се знае е агностицизам.