From Wikipedia, the free encyclopedia
Таџичкиот јазик (таџикистански или таџички персиски) е модерна варијанта на персискиот јазик што се зборува во Средна Азија. Јазикот спаѓа во семејството на индоевропски јазици од иранската подгрупа на јазици. Јазикот е мајчин јазик на таџикистанците и е службен јазик во Таџикистан. Поради историските и политичките причини, јазикот се одделил од порано истиот персиски јазик што се зборува во Иран и Авганистан. Јазикот добил посебна стандардизација и имал големо влијание од рускиот јазик. Таџикистанскиот се засновал на северозападниот дијалект околу градот Самарканд и поради тоа се чувствува и влијание од узбечки јазик.
Таџички | |
---|---|
тоҷикӣ, تاجیکی, tojikī | |
Изговор | тоџики |
Застапен во | Таџикистан, Казахстан, Авганистан, Пакистан |
Подрачје | Средна Азија |
Говорници | 4.380.000 |
Јазично семејство | индоевропски
|
Писмо | таџикистанска азбука |
Статус | |
Службен во | Таџикистан |
Регулативен орган | Институт за јазик и литература Рудаки |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | tg |
ISO 639-2 | tgk |
ISO 639-3 | tgk |
Најзначајните градови каде се збори таџички персиски јазик во Средна Азија се градовите Самарканд и Бухара, денес во Узбекистан. Во овие градови денес има значајно таџичко население, но има и на границата со Таџикистан. Според официјалните податоци на Узбекистан, во државата живеат околу 5% Таџици од вкупното население[1]. Ова не вклучува етнички Таџици кои од различни причини не се изјасниле како такви. За време на СССР Таџиците во Узбекистан имале две можности: или да останат во Узбекистан и да се пишат како Узбеци или да се преселат во послабо развиениот Таџикистан. .[2] Така, грубо гледано, околу 15 до 20 проценти од вкупното население на Узбекистан се Таџици.[3][4]
Во Таџикистан, 80% од населението се Таџици и персискиот јазик доминира во државата. Во северен Авганистан, Таџиците се доминантно население, каде во државата има 25% до 30% Таџици. Најголема дијаспора Таџиците имаат во Русија и во средноазиските држави.
Таџичките дијалекти се поделени на следните групи:
Предни | Централни | Задни | |
---|---|---|---|
Затворени | i | u | |
Средни | e | u̇ | o1 |
Отворени | a |
лабиодентални | дентално/ алвеоларни |
посталвеоларни | непчани | веларни | увуларни | глотални | |
---|---|---|---|---|---|---|---|
носни | м /m/ |
н /n/ |
|||||
експлозивни | п б /p/ /b/ |
т д /t/ /d/ |
к г /k/ /g/ |
қ /q/ |
ъ /ʔ/ | ||
фрикативни | ф в /f/ /v/ |
с з /s/ /z/ |
ш ж /ʃ/ /ʒ/ |
х ғ /χ/ /ʁ/ |
ҳ /h/ | ||
африкативни | ч ҷ /tʃ/ /dʒ/ |
||||||
вевни | р /r/ |
||||||
апроксимантни | л /l/ |
й /j/ |
|||||
Во Таџикистан како и во останатите држави од поранешниот СССР, таџичкиот се пишувал со кирилица, иако до 1930 година се пишувал на латиница и на персиско писмо. Од 1928 до 1930 година се користела латиницата, но била заменета со кирилица која се користи и денес. Во 2008 министерот за култура на Таџикистан изјавил дека кога ќе се запознае целото таџикистанско население со персиската азбука, тогаш кирилицата и латиницата ќе бидат заменети со персиското писмо.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.