Тарн (река)
река во Окситанија, јужна Франција From Wikipedia, the free encyclopedia
река во Окситанија, јужна Франција From Wikipedia, the free encyclopedia
Тарн (француски и окситански: Tarn, латински: Tarnis) — река во Окситанија, јужна Франција, десна притока на Гарона. Има вкупна должина од 381 км.
Тарн | |
---|---|
Реката низ Тарнската Клисура | |
Изворно име | Tarn (француски) |
Местоположба | |
Земја | Франција |
Физички особености | |
Извор | пл. Лозер |
• место | Севени, Франција |
• координати | 44.4147° СГШ; 3.8150° ИГД |
• надм. вис. | 1.550 м |
Устие | Гарона |
• место | Моасак, Франција |
• координати | 44.0861° СГШ; 1.0425° ИГД |
Должина | 381 км |
Големина на сливот | 15.700 км2 |
Проток | |
• просечен | 140 м3/с |
Особености на сливот | |
Течение | Гарона→ Атлантски Океан |
Извира на надморска висина од 1.550 м на планината Лозер во венецот Севени (дел од Централниот Масив), па тече во западен правец низ длабоките засеци на Тарнската Клисура сè до Моасак во Тарн и Гарона, каде се влева во Гарона 4 км низводно од градот.
Слив зафаќа приближно 12.000 км2 и има среден проток од 140 м3/с.
Кај Мијо, долината на Тарн ја преминува Вијадуктот Мијо кој е највисокиот мост на светот, отворен во декември 2004 г.
Поважни притоки на Тарн се:
Тарн е вододелница на сливовите на Нарбона и Аквитанија.
Реката минува низ следниве населени места, наведени според своите департмани:
Тарн е позната по жестоките поплави кои важат за најопасни во Европа заедно со оние на Дунав. Во март 1930 г. реката се накачила за 17 метри над вообичаениот водостој во рок од едно деноноќие. Во Монтобан е измерен проток од 7.000 м3/с, што е нешто пониско од оној на Нил при најголема полноводност во сезоната на поплави пред изградбата на Асуанската брана (8.500 м3/с); за споредба, просекот на Рајна е 2.200 м3/с. Во стихијата е поплавена една третина од департманот Тарн и Гарона, одземајќи 300 човечки животи; водите целосно ги уништиле пониските населби на градот Монтобан и го разориле гратчето Моасак речиси во целост.
Во минатото Тарн бил пловен од спојот со Гарона до Корбарје кај Монтобан. На овој потег имало седум преводници на растојание од 38 км. Каналот се приклучувал во Гаронскиот Канал кај Моасак по пат на споредна преводница во разгранок пред првата главна преводница, а потоа имал уште една пристапница преку Монтешкиот Канал кај Монтобан.[1]
Денес се обновени двете пристапници од Гаронскиот Канал, со што пловилата можат веднаш да навлезат во Тарн. Покрај ова, првата преводница (меѓу Моасак и самата Гарона) е поплавена како водосклад за хидроцентралата „Голфеш“ на Гарона, и така овозможуваат траен пристап за чамците од Тарн во Гарона кои можат да пловат по неа на извесно покусо растојание.[1]
Останатите шест преводници се запустени и не овозможуваат пловен пристап. Поднесен е предлог за обнова на петте преводници од помеѓу Моасак и Монтобан, со тоа создавајќи пловна обиколница која би го опфаќата Тарн од Моасак до Монтобан, Монтешкиот Канал до Монтеш и Гаронскиот Канал назад до Моасак.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.