Суперлига на Србија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Српска Суперлига (српски: Суперлига Србије / Superliga Srbije) — службено име за главната и најсилната професионална фудбалска лига на Србија. Лигата се состои од 16 фудбалски клубови. Лигата била формирана во летото 2005 година. По одвојувањето на Црна Гора во летото 2006 година, само српските тимови учествуват на првенството.
Земја | Србија |
---|---|
Конфедерација | УЕФА |
Основана | 2006; пред 18 години (2006) |
Број на клубови | 16 |
Нивоа на пирамида | 1 |
Испаѓање во | Српска прва лига |
Домашен куп | Куп на Србија |
Тековен првак | ФК Црвена Ѕвезда (28-ма титула) |
Најмногу титули | ФК Црвена Ѕвезда (28-ма титула) |
Мрежно место | superliga.rs |
Српска Суперлига 2019/2020 |
Претходно српските клубови се натпреварувале во Југословенската прва лига која била формирена во 1923 година и траела до 2003 година. По распадот на Југославија во 1991 година и создавањето на СР Југославија, името Југославија се зачувало до 2003 година, кога било променето во Србија и Црна Гора. Овој сојуз продолжил до 2006 година, кога Црна Гора се одвоила од земјата и основала своја лига.
Моментален шампион, според сезоната 2019-2020 година, е ФК Црвена ѕвезда. УЕФА во моментов ја рангира лигата на 16-то место во Европа од 55 лиги .[1] Лигата била позната како Меридијан Прва лига / Супер лига од 2004 година до 2008 година. Официјален спонзор на лигата до 2015 година бил брендот Јелен пиво, со што резултираше во официјалното име на лигата да биде Јелен Супер Лига.
Првопласираниот тим игра во втората квалификациска рунда од Лигата на шампионите, додека освојувачот на второто место игра во второто квалификациско коло на Лигата на Европа, а третиот во првиот квалификациски круг од истото натпреварување. Тимот што го освоил Купот на Србија игра во квалификацискиот круг на Лигата на Европа.