Суперзрновитост
From Wikipedia, the free encyclopedia
Суперзрновитоста е посебна шема од конвекциони ќелии на површината на Сонцето наречени суперзрна. Откриена е во 1950-тите од А. Б. Харт преку мерките на Доплеровата брзина кои ги покажуваат хоризонталните текови во фотосферата (брзина на тек од околу 300 до 500 m/s, една десетина од онаа кај помалите зрна). Во 1960-тите со трудот на Лејтон, Нојс и Сајмон се одредила типичната големина на суперзрната на околу 30000 km и животен век од околу 24 часа.[1]