Страцин

село во Општина Кратово From Wikipedia, the free encyclopedia

Страцинmap

Страцин — село во Општина Кратово, во областа Средорек, во околината на градот Кратово.

За селото во Бургаската област, погл. Страцин (Бугарија).
Кратки факти
Страцин
Thumb
Страцин
Местоположба на Страцин во Македонија
Страцин на карта

Thumb

Координати 42°09′02″N 22°01′55″E
Општина Кратово
Население130 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.1361
Шифра на КО14023
Надм. вис.748 м
Страцин на општинската карта
Thumb

Атарот на Страцин во рамките на општината
Страцин на Ризницата
Затвори

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Средорек, во крајниот североисточен дел на Општина Кратово. Еден дел од населбата се наоѓа на патото Куманово - Кратово. Селото е ридско и планинско, односно раштркано, чии маала се издигаат на надморска височина од 600 до 900 метри. Оддалечено е 19 километри северозападно од Кратово, 28 километри западно од Крива Паланка и 31 километар источно од Куманово.

Историја

Страцин е населен уште од железното време, за што сведочи наоѓалиштето Градиште кај маалото Поповци.[2]

Во XIX век селото било дел од Кратовската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...
Население во минатото
ГодинаНас.±%
19481.203    
19531.282+6.6%
19611.365+6.5%
19711.046−23.4%
1981485−53.6%
ГодинаНас.±%
1991315−35.1%
1994273−13.3%
2002185−32.2%
2021130−29.7%
Затвори

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Страцин живееле 950 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Страцин имало 1.000 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија и 30 Роми.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.100 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото Страцин живеат 185 жители, од кои 182 Македонци и 3 Срби.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 130 жители, од кои 125 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 3 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 950 1.030 1.203 1.282 1.365 1.046 485 315 273 185 130
Затвори
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Страцин во 1970-тите години доживува драстично намалување на населението, така што за разлика од пописот во 1971, во наредната 1981, регистрирани се за 53 % од населението помалку или разлика за 561 жител.

Општествени установи

Thumb
Зградата на училиштето „Христијан Тодоровски - Карпош“
Thumb
Зградата на затвореното училиште

Во селото се наоѓа Основното училишта „Христијан Тодоровски - Карпош“. Порано во селото, било во функција друго oсновно училиште. Потоа училиште било затворено.

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Thumb
Црквата „Св. Димитриј“.
Споменици

Во декември 1997 година, во селото бил подигнат споменик за загинатите борци на НОБ од периодот 1941-1945 година односно за време на Втората светска војна, каде се наведени сите партизани што се по потекло од Страцин и градот Куманово, Кумановско и Кривопаланечко.

Цркви
Археолошки наоѓалишта[2]
  • Вражиград — градиште од доцноантичко време
  • Градиште — градиште од железното време
  • Чука — некропола-могила од римско време

Редовни настани

Личности

Thumb
Пренос на моштите на македонските партизани загинати кај Страцин.
Thumb
Споменикот на загинатите борци

Личности родени во Страцин:

Личности загинати во Страцин:

  • Алексо Миладинов Трајановски — роден 1871 година во Страцин, стрелан од Бугарите на 11 септември 1943 година.[12]
  • Богдан Димитров Трајановски — роден 1889 година во Страцин, стрелан од Бугарите 11 септември 1943 година.[12]
  • Пано Димитров Филипов — роден 1905 година во село Страцин, стрелан од Бугарите на 11 септември 1943 година.[12]
  • Ѓошо Цветанов (Цветков) — роден 1900 година во село Страцин, стрелан од Бугарите на 11 септември 1943 година.[12]
  • Воја Алексовски од Куманово
  • Киро Антевски од Куманово
  • Петар Василевски од Куманово
  • Јордан Карамарковски од Куманово
  • Александар Маневски од Куманово
  • Војо Алексиќ од Куманово
  • Воислав Стојановски од Куманово
  • Благоја Трендевски од Куманово
  • Воислав Митровски од Куманово
  • Будимир Димковски од Куманово
  • Градимир Филиповиќ од Куманово
  • Драгољуб Филиповиќ од Куманово
  • Трајан Нашевски од Куманово
  • Славко Филиповски од Челопек, Кумановско
  • Војо Алексиќ од Никуљане, Кумановско
  • Раде Антиќ од Никуљане, Кумановско
  • Милан Арсовски од Стрновац, Кумановско
  • Геле Божиновски од Младо Нагоричане, Кумановско
  • Славко Вељковиќ од Младо Нагоричане, Кумановско
  • Трајко Додевски од Бедиње, Кумановско
  • Ѓорѓи Додевски од К’шање, Кумановско
  • Ефрем Георгиевиќ од Четирце, Кумановско
  • Денко Каранфиловски од Дренок, Кумановско
  • Цветко Лазаревски од Стрезовце, Кумановско
  • Благоја Петковски од Пелинце, Кумановско
  • Милорад Петровиќ од Бедиње, Кумановско
  • Владо Додевски од Пелинце, Кумановско
  • Андон Стојчевски од Црцорија, Кривопаланечко
  • Стојман Пешевски од Габер, Кривопаланечко

Култура и спорт

Иселеништво

Поврзано

  • Страцин (Бугарија)

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.