Челопек (Кумановско)
село во Општина Старо Нагоричане, Кумановско From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Старо Нагоричане, Кумановско From Wikipedia, the free encyclopedia
Челопек — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Челопек | |
Панорамски поглед на селото Челопек | |
Координати 42°13′37″N 21°49′35″E | |
Регион | Североисточен |
Општина | Старо Нагоричане |
Област | Козјачија |
Население | 165 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1303 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17106 |
Надм. вис. | 398 м |
Слава | Духовден |
Челопек на општинската карта Атарот на Челопек во рамките на општината | |
Челопек на Ризницата |
Населбата се наоѓа во областа Козјачија, во западниот дел на територијата на Општина Старо Нагоричане. Селото е ридско, на надморска височина од 450 метри.[2] Од градот Куманово селото е оддалечено 18 километри.[2]
Куќите на ова село се наоѓаат десно од долината на Пчиња. Околни села се: Старо Нагоричане, Алгуња и Никуљане.[3]
Атарот зафаќа површина од 15,6 км2. На него обработливото земјиште зафаќа површина од 754 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 620 хектари.[2]
Челопек е село од разбиен тип. Најголеми маала се Вишинско и Горно Маало. Во најголем дел, во маалата живеат роднински поврзани домаќинства.[3]
Во селото постојат многу остатоци од минатото. Местото е населено уште од праисторијата, за што сведочи наоѓалиштето Кула (Челопечка Кула) над селото, каде се остатоци на тврдина со замок и некропола од доцната антика.[4] Во денешното маало Селиште се наоѓаат остатоци на средновековна црква во рушевини. Долга 14 метри, широка 8, со ѕидови дебели и до 60 сантиметри. Селаните веруваат дека црквата била наречена „Св. Ѓорѓи“.[3]
Денешното село Челопек е основано од две домаќинства пред околу 170 години. Од нив потекнуваат родовите Јелинци и Ѓоревци. Предците на останатите родови се доселувани после нив, главно од Младо Нагоричане.[3]
Во XIX век, Челопек било христијанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманското Царство.
До 1912 година, селото било подложно на напади на Арбанаси.[3]
По завршувањето на Првата светска војна, во селото била изградена костурница за загинатите српски четници (околу 30 души) во периодот од 1909 до 1912 година. Костурницата е сместена во близина на срушената црква.[3]
Во основа, селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
Жителите на селото се занимаваат со сточарство и садење жито.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Челопек имало 525 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Челопек имало 600 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Македонци и 50 други.[7]
Челопек во 1961 година имало 768 жители, од кои 751 биле Македонци, а 17 жители Срби, додека во 1994 година бројот се намалил на 252 жители, од кои 226 биле Македонци и 25 жители Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Челопек имало 283 жители, од кои 277 Македонци и 6 Срби.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 165 жители, од кои 141 Македонец, 1 Албанец, 8 Срби и 15 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 525 | 600 | 809 | 810 | 768 | 555 | 461 | 319 | 252 | 283 | 165 |
Најстари родови и основачи на селото се: Јелинци (27 к.) и Ѓорѓевци (10 к.), слават Митровден.[3]
Останати родови се: Вишинци (35 к.), слават Свети Никола, доселени од Младо Нагоричане; Албанци (4 к.) и Таратунци (2 к.), слават Свети Никола, гранка на Вишинци; Пашинци (12 к.), слават Свети Ѓорѓи; Дошљаци (14 к.), слават Свети Архангел, доселени од негде; Љатинци (5 к.), слават Митровден, доселени од негде; Балабанци (3 к.), слават Петковден, доселени од Нерав; Марцанци (3 к.), слават Свети Архангел; Рајинци (2 к.), слават Свети Никола.[3]
Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Челопек, во која влегувале селата Алгуња, Гулиновац и Челопек.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Старо Нагоричане, во која покрај селото Челопек се наоѓале и селата Алгуња, Никуљане, Старо Нагоричане и Челопек.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Старо Нагоричане.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Куманово.
Род Челопечани се иселил во кумановското село Стрновац.[3]
По војната, иселувањата главно биле кон градовите Куманово, Скопје, Ниш и Белград.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.