Старословенска азбука
From Wikipedia, the free encyclopedia
Старословенска азбука, црковнословенско писмо или поретко климентовица () или стара кирилица — писмо создадено за време на IX век за пишување на старословенскиот јазик. Азбуката била заснована на грчкото писмо и со тоа се заменила првата словенска азбука — глаголицата.
Старословенска азбука | |
---|---|
Тип | |
Период | од ~ 893 г. |
Правец на пишување | од лево кон десно |
Јазици | старословенски, црковнословенски, стари варијанти на многу словенски јазици, вклуч. македонскиот |
Сродни писма | |
Матични системи | |
Сродни системи | латиница коптска ерменска |
ISO 15924 | |
ISO 15924 | Cyrs, , Cyrillic (Old Church Slavonic variant) |
Уникод | |
Уникоден опсег | U+0400 to U+04FF U+0500 to U+052F U+2DE0 to U+2DFF U+A640 to U+A69F |
Оваа страница може да содржи фонетски симболи од меѓународната фонетска азбука (МФА). |
Старословенската азбука била создадена во крајот на IX век. Една од теориите е дека таа била создадена во Преславската книжевна школа во Првото Бугарско Царство,[2][3][4] најверојатно во 893-тата година на Црковно-народен собор, на кој биле присутни и дел од учениците на браќата Кирил и Методиј.[5][6][7] Оваа азбука подоцна во историјата започнала да се нарекува како „кирилица“, во чест на Св. Кирил, мисионер кој заедно со својот брат, Методиј ја измислиле глаголицата - првата словенска азбука. Кирилицата во добар дел е заснована на грчкото писмо, но можат да се забележат и некои латински или хебрејски влијанија. Како официјално писмо, новата азбука прво ја прифатило Бугарското Царство, кога речиси истовремено монахот Црноризец Храбар го напишал трактатот За буквите, во кој детално се разработува оправданоста за постоење на посебно словенско писмо и во кој се брани словенската писменост. Ова се случило за време на владеењето на Симеон Велики, кој бил под силно византиско културно влијание. Самиот тој завршил Магнаурската школа во Цариград и бил дури нарекуван полугрк.
Македонската наука смета дека донесените одлуки на Преславскиот собор во 893 година и замената на глаголицата со писмо поблиску до грчкото, биле причината несогласните Климент и Наум да се повлечат од Преслав во тогашната покраина Кутмичевица, во денешна Република Македонија. Тука тие почнале да градат нов духовен и книжевен центар преку Охридската книжевна школа, а Климент ја обновил Брегалничката епископија. Како епископ тука тој го поставил својот кирилометодиев соученик Константин Преславски — повлекувајќи го исто од Преслав.[8] Во Бугарија се смета дека овие настани се случили со согласието на релевантните црковни и државни органи.
За време на следните векови, кирилицата се адаптирала на промените во говорниот јазик, развила регионални варијации за задоволување на локалните потреби и била предмет на академски реформи и политички декрети. Варијации на кирилицата се употребуваат како писма кај јазиците ширум источна Европа и Азија.