Египетски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Египетски јазик — античкиот староседелски јазик на Египет кој е дел од групата на афроазиски јазици. Првите запишани мисли и зборови на египетски јазик датираат уште од 3400 п.н.е.[1] што го прави еден од најстарите познати запишани јазици.
Кратки факти Египетски јазик r n km.t, Јазични кодови ...
Египетски јазик r n km.t | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Зборуван во: | Стар Египет | |||||||
Исчезнување: | се развил во демотски до 600 п.н.е., па потоа во коптички до 200 и престанал да се користи како секојдневен јазик во 17 век. Денес се користи како литургиски јазик од страна на Коптичката црква. | |||||||
Јазично семејство: | афроазиски Египетски јазик | |||||||
Писмо: | хиероглифи, ракописни хиероглифи, хиаратско писмо, демотско и коптичко (подоцна се користела и арапска азбука за превод на владини документи) | |||||||
Јазични кодови | ||||||||
ISO 639-1: | нема | |||||||
ISO 639-2: | egy | |||||||
ISO 639-3: | едно од следниве: egy — Египетски јазик cop — Коптички јазик | |||||||
Затвори
Египетскиот јазик бил зборуван до 17 век во новоразвиената форма наречена коптички јазик. Денешниот национален јазик на Египет е египетски арапски јазик, кој постепено со текот на времето го заменил коптичкиот јазик во секојдневната употреба. Таа замена започнала со муслиманското освојување на Египет. Коптичкиот јазик и денес се користи, но како литургиски јазик во Коптичката црква. Овој јазик активно го зборува многу мал број на население, скоро сите зборуваат египетски арапски јазик.[2]