Демотско писмо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Демотското писмо се користело во стариот Египет. Претставува поедноставена форма на хиероглифското писмо. Се користело во последниот период од историјата на стар Египет. На демотското писмо му претходело хиератското писмо, уште една поедноставена форма на хиероглифското писмо. Демoтското писмо се користело во литературата и во трговијата, додека хиератското писмо се користело за пишување на религиозни текстови. Демотското писмо претставува усовршување на хиератското писмо. Се пишува во курзивна форма, знаците се поврзани и доста слични еден со друг поради што е потешко за читање. Демотското писмо вклучува неколку типови на нови фонетски форми кои битно се разликуваат од хератското писмо. За разлика од хиератското писмо кое речиси секогаш е пишувано со мастило на папирус, демоското писмо исто така може да се гравира на камена или дрвена подлога.
Демотско писмо | |
---|---|
Тип | со логографски елементи |
Период | околу 650 п.н.е. – 5 век |
Правец на пишување | bi-directional text |
Јазици | Демотски (Египетски јазик) |
Сродни писма | |
Матични системи | Хиератик
|
Изведени системи | Коптски Мероитски
|
ISO 15924 | |
ISO 15924 | Egyd, 070 , Egyptian demotic |
Уникод | |
Оваа страница може да содржи фонетски симболи од меѓународната фонетска азбука (МФА). |
Најрани познати почетоци на дометското писмо се околу 660 г.п.н.е. Во текот на петтиот век п.н.е. демотското писмо било во употреба низ целиот Египет. Во почетокот на четвртиот век п.н.е., демотското писмо почнало да се заменува со грчкото писмо. Последно датиран примерок на демотското писмо е од 425 година од нашата ера.