Стара Планина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Стара Планина или Балкан (бугарски и српски: Стара планина; старогрчки Αίμος, Хемос; латински Haemus, Хемус) — планински венец во источниот дел на Балканскиот Полуостров, кој своето име го добил според неa. Таа се протега на запад од Источна Србија до Црното Море во Бугарија. Стара Планина се наоѓа по целата должина на територијата на Бугарија и ја дели, условно, на северна и јужна Бугарија. Највисок врв на Стара Планина е Ботев (2.376 м). Турското име „Балкан“ е извор на името за целиот Балкански Полуостров.
Стара Планиниа | |
---|---|
Балкан | |
Поглед на Триглав | |
Највисока точка | |
Врв | Ботев |
Надм. вис. | 2.376 м |
Координати | 42°43′00″N 24°55′04″E |
Величина | |
Должина | 557 км запад-исток |
Ширина | 15-50 км север-југ |
Површина | 11.596 км² |
Друго име | Балкан |
Географија | |
Земји | Бугарија и Србија |
Координати | 43°15′N 25°0′E |
Геологија | |
Вид карпа | гранит, гнајс и варовник |
На нејзината територија има многу природни паркови, заштитени места и еден национален парк. Таа е еден од најголемите центри на ендемски и реликтни видови.[1] Поради добро изградената материјална база, чистиот воздух и планински карактер, Стара Планина често е омилена цел за туризам. На неа има 81 планинарски дом.