Стадион Ал Бајт
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Стадион Ал-Бајт (арапски: استاد البيت, транскрипција: Истад ал-Бејт, буквално Домашен стадион)[1][2] — фудбалски стадион со покрив што се повлекува во Ал Хор, Катар, наменет да се користи за натпревари на Светско првенство во фудбал на ФИФА 2022, кое започнало на 20 ноември 2022 година.[3] Во јануари 2020 година, стадионот добил сертификати за одржливост и зелен дизајн, управување во градежништвото и енергетска ефикасност. Меѓународните набљудувачи го критикувале третманот на работниците во изградбата на стадионот.[4]
Стадион Ал Бајт | |
---|---|
Место | Ал Хор, Катар |
Започнат | 2014 |
Отворен | 30 ноември 2021 |
Сопственик | Катар |
Подлога | трева |
Цена на изградбата | € 770 милиони |
Игра | Фудбалска репрезентација на Катар ФК Ал Хор |
Гледачи | 68.895 |
Стадионот се наоѓа на околу 35 километри од Доха.[3]
Стадионот Ал Бајт беше домаќин на воведниот натпревар на Светското првенство во 2022 година и а него ќе играат полуфинални и четвртфинални натпревари.[5] Стадионот ќе може да прими околу 68.000 навивачи на Светското првенство, вклучувајќи 1.000 места за новинарите. Архитектонскиот дизајн ја зема својата инспирација од традиционалните шатори на номадските народи на Катар и регионот.[6] Се одликува со покрив кој се повлекува, обезбедувајќи покриени седишта за сите гледачи. Се поврзува со транспортните системи и има паркинг за 6.000 автомобили, 350 автобуси, како и 1.000 такси и водни такси. Стадионот добил сертификати за одржливост и зелен дизајн, управување во градежништвото и енергетска ефикасност.
Стадионот ќе вклучува и луксузни хотелски апартмани и соби со поглед на фудбалското игралиште.[7]
За да се одбележи Националниот ден на спортот, официјалното отворање на паркот на стадионот било најавено дека ќе се одржи на самиот спортски ден на Катар, 11 февруари 2020 година.
Отворањето на стадионот се одржало на 30 ноември 2021 година, на отворањето на Арапскиот куп 2021, по што следел натпреварот помеѓу домаќинот Катар и Бахреин, во кој актуелниот азиски шампион Катар го победил гостинот со 1-0, Абдулазиз Хатем го постигнал голот со удар со глава на во 69. минута.[8]
На овој настан присуствувал емирот (шефот на државата) на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ел Тани. Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, неколку шефови на држави и влади и претседатели на асоцијации членки да уживаат во церемонијата на инаугурација на стадионот Ал Бајт и да го одбележат официјалното отворање на ФИФА Арапскиот куп 2021.[9] Новоизградениот стадион бил домаќин на пет натпревари за време на Арапскиот куп, вклучувајќи го и финалето на турнирот на 18 декември 2021 година.[10]
На 20 ноември 2022 година, стадионот бил домаќин на воведниот натпревар на Светското првенство на ФИФА помеѓу Катар и Еквадор; 67.372 навивачи присуствувале на натпреварот, и покрај капацитетот на стадионот од 60.000.
Датум | Час | Тим 1 | Резултат | Тим 2 | Рунда | Гледачи |
---|---|---|---|---|---|---|
30 ноември 2021 | 19:30 | Катар | 1–0 | Бахреин | Група А | 47,813 |
3 декември 2021 | 22:00 | Сирија | 2–0 | Тунис | Група Б | 15,913 |
6 декември 2021 | 22:00 | Катар | 3–0 | Ирак | Група А | 23,008 |
10 декември 2021 | 22:00 | Катар | 5–0 | ОАР | Четвртфинале | 63,439 |
18 декември 2021 | 18:00 | Тунис | 0–2 (прод.) | Алжир | Финале | 60,456 |
Датум | Час | Тим 1 | Резултат | Тим 2 | Рунда | Гледачи |
---|---|---|---|---|---|---|
20 ноември 2021 | 19:00 | Катар | 0–2 | Еквадор | Група А | 67,372 |
23 ноември 2022 | 13:00 | Мароко | 0–0 | Хрватска | Група Ф | 59,407 |
25 ноември 2022 | 22:00 | Англија | 0–0 | САД | Група Б | 68,463 |
27 ноември 2022 | 22:00 | Шпанија | 1-1 | Германија | Група Е | |
29 ноември 2022 | 18:00 | Холандија | Катар | Група А | ||
1 декември 2022 | 22:00 | Костарика | Германија | Група Е | ||
4 декември 2022 | 22:00 | Победник група Б | Второпласиран група А | Осминафинале | ||
10 декември 2022 | 22:00 | Победник Натпревар 51 | Победник Натпревар 52 | Четвртфинале | ||
14 декември 2022 | 22:00 | Победник Натпревар 59 | Победник Натпревар 60 | Полуфинале |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.