Српски народни носии
From Wikipedia, the free encyclopedia
Српските народни носии заземаат значајно место во културата и традицијата на српскиот народ. Низ историјата носиите биле симбол на етничкиот идентитет и се одликуваат со високи ликовни и естетски вредности. До денес се сочувани машки и женски носии во целост од 19 и почетоците на 20 век, со сите нивни додатоци и украси. Секоја област која Србите ја населувале низ историјата се одликува со посебни, специфични носии. По карактеристичниот изглед на облеката луѓето препознавале од кој крај потекнувале, а во мешани етнички средини според носијата се препознавала и етничката, односно националната припадност. Во својот историски развој, разновидните народни носии имале разновидно значење во животот на народот. Низ времето на нивниот изглед влијаеле носиите на соседните етнички групи, така да иако како ракотворби се обележје на времето од кое потекнуваат, во себе можат да носат и одлики на соседните и на носиите од претходните периоди.[1]
Уметност | |
---|---|
Книжевност • Музика • Театри • Сликарство • Фотографии • Кинематографија | |
Традиција | |
Народни обичаи • Народна носија • Игри • Кујна • Сродни односи • Религија • Хералдика • Епска поезија | |
Споменици | |
Културно наследство • Музеи • Архитектура • Тврдини • Манастири • Светско наследство • Воени гробишта | |
Разно | |
Познати Срби • САНУ • Спорт • Дигитализација |