Српска кујна
српски кулинарски традиции / From Wikipedia, the free encyclopedia
Српска кујна – традиционална кујна на Србија. Српската кујна е хетерогена, бурните историски случувања влијаеле на исхраната на народот, па така секоја област има свои специфичности и разлики. Може да се каже дека пресудни влијанија биле византиските и грчките, значи средоземните, потоа ориенталните и австроунгарските. Спремањето храна е составен дел на српската традиција и култура. Во Србија вообичаено има 3 оброци дневно, појадок, ручек и вечера, со напомена дека најважен и најчесто најобемен оброк е ручекот.
Уметност | |
---|---|
Книжевност • Музика • Театри • Сликарство • Фотографии • Кинематографија | |
Традиција | |
Народни обичаи • Народна носија • Игри • Кујна • Сродни односи • Религија • Хералдика • Епска поезија | |
Споменици | |
Културно наследство • Музеи • Архитектура • Тврдини • Манастири • Светско наследство • Воени гробишта | |
Разно | |
Познати Срби • САНУ • Спорт • Дигитализација |
Исхраната се поистоветува со внесувањето на хранливи материи (консумирање храна и пијалаци), но во поширока смисла, претставува уживање во трпезата. Овој многу сложен процес, создава она што се нарекува „национална кујна“, која ја сочинуваат: избор на намирници, нивно одгледување, подготовка на јадења, амбиент во кој се сервира храната, како и начинот како се сервира.
Во српските села името за кујна било „куќа“, а централен дел било огништето, кое претставувало важно, култно место, покрај кое се одигрувало секојдневен живот, се собирало целото семејство.
Се седело на дрвени клупи, триножници и столици, садовите биле дрвени или земјени, а во побогатите куќи и бакарни.