Список на градови во Казахстан
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Ова е список на градови во Казахстан со преку 50.000 жители. Имињата на повеќе градови се повеќепати менувани во текот на последниот век, и затоа се дадени секаде кајшто е применливо. Нивните изворни имиња се претставени во кирилична и латинична варијанта.
Во март 2017 г. 53 % од населението во државата било градско. Со осовременувањето и развојот на земјата истото се очекува да нарасне на 70 % до 2030 г.[1] Во списокот се наведени неколку пописи, за да се одбележи промената во бројот на жители.