Казашка азбука
From Wikipedia, the free encyclopedia
Казашка азбука е термин кој се користи да се означат три различни писма кои се користат за запишување на казашкиот јазик. Кирилицата е официјално писмо во Казахстан и се користи за запишување на јазикот, како и во покраината Бајан-Олги во Монголија. Кирилицата била воведена во 1940 година и истата се користи од казашката дијаспора во Русија, Киргистан, Туркменистан и Узбекистан. Латиницата е заснована на турската азбука и се користи неофицијално од казашката дијаспора во Турција, Германија, САД и останатите западни држави. Латиницата била воведена за запишување на јазикот во периодот од 1927 до 1940 година. Арапското писмо се користи за запишување на казашкиот јазик во НР Кина во префектурата Алтај и Автономната префектура Или Казак.[1] Исто така, ова писмо се користи во Иран и Авганистан и ова писмо се користело за запишување на јазикот до 1927.