From Wikipedia, the free encyclopedia
Спата (грчки: Πολύδενδρο, Полидендро; до 1927 г. Σπάτα, Спата[2]) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес во општината Гребен на Гребенскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 172 жители (2011).
Спата Πολύδενδρο | |
---|---|
Координати: 40°13′N 21°29′E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Гребен |
Општина | Гребен |
Општ. единица | Ираклеотес |
Надм. вис. | м | 660
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 172 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Селото е сместено на надморска височина од 660 м, околу 15 км североисточно од градот Гребен, крај реката Бистрица, на нејзината десна страна.[3]
Во непосредна близина на селото се влева реката Праморица во реката Бистрица.
Во XIX век Спата било грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Спата живееле 178 Грци.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Спата (Спалта) се води како чисто грчко село во Гребенската каза на Серфиџенскиот санџак со 35 куќи.[5]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Спата живееле 175 Грци христијани.[6]
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 242 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 236.[3]
Во 1927 година, името на селото било променето во Полидендро (Πολύδενδρο).
Населението произведува жито, овошје, градинарски култури и други земјоделски производи. Населението делумно се занимава и со сточарството.[3]
Во пописот од 1913 година, селото било забележано со 242 жители, во 1920 година со 236 жители, во 1928 година со 324, во 1940 година со 391, во 1951 година со 364, во 1961 година со 360, во 1971 година со 320, во 1981 година со 296, а во 1991 година со 245 жители.[3] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 391 | 364 | 360 | 320 | 296 | 245 | 250 | 172 |
Во 1927 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 11 квадратни километри.[3] Општината Спата била приклучена во општината Ираклеотес во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Гребен.
Селото припаѓа на општинската единица Ираклеотес со седиште во селото Чурхли, која припаѓа на поголемата општина Гребен, во округот Гребен. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Спата, во кој е единствено село.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.