Спанчово
село во Кукушко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Кукушко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Спанчово или Спанчево (грчки: Λατομείο, Латомио; до 1927 г. Σπάντσοβο, Спанцово[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на областа Централна Македонија, Грција. Има само 1 жител (2011), а атарот зафаќа површина од 25 км2.[3]
Спанчово Λατομείο | |
---|---|
Одбележување на пробивот на Македонскиот фронт во I светска војна пред Сојузничкиот воен споменик, 2012 г. | |
Координати: 41°1.51′N 22°36.7′E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Кукушки |
Општина | Пајонија |
Општ. единица | Ругуновец |
Надм. вис. | м | 90
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 1 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 61200 |
Повик. бр. | +30 23430 |
Селото се наоѓа на околу 4 км североисточно од градот Ругуновец, во традиционалната област Солунско Поле.
Во XIX век Спанчово била мала македонска чифлигарска населба. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Спанчово (Spantchiovo) е село во Авретхисарската (Кукушка) каза со 12 домаќинства, со вкупно 54 жители Македонци.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Спанчево имало 78 жители, сите Македонци.[5][6]
На почетокот на XX век целото население на Спанчово било под врховенството на Бугарската егзархија. Според податоцитена егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Спанчово (Spantchovo) имало 64 Македонци, сите под егзархијата.[6][7]
Во Првата балканска војна е заземено од грчките единици, а летото 1913 г. за време на Втората балканска војна Спанчово е запалено од грчката војска, а македонското население се спасило пребегнувајќи преку граница. Атарот на селото го откупиле велепоседничките семејства Аркудеос и Каратодорос.
Истата 1913 г. во селото е попишано 21 лице, од кои повеќето биле од сточарските семејства доведени како наемници на велепоседите. Ви 1920 г. местото имало 69, а во 1928 г. — 63 жители.[3] Во 1927 г. селото е преименувано во Латомио. Во 1940 г. е заведено дека селото има само 1 жител, поради тоа што велепоседничките семејства се преселиле во Солун. Сепак, во 1951 г. во Спанчово се попишани 172 жители, што значи дека земјопоседниците повторно довеле жители од околните села ги работат имотите.[3] Во претстојниот период бројот на жители почнал да опаѓа, па така во 1961 г. имало 57 лица, во 1971 г. се намалил на 25, а во 1981 г. — 9 жители. Во 1991 г. селото се свело на населба без жители.[3] Во текот на следното десетлетие Спанчово повторно станува населено, со 12 лица во 2001, но само 1 лице во 2011 г.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1 | 172 | 57 | 25 | 9 | 0 | 12 | 1 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.