Сопот — село во областа Овче Поле, во Општина Свети Николе, во близина на градот Свети Николе.

Кратки факти
Сопот
Thumb

Поглед кон селото

Thumb
Сопот
Местоположба на Сопот во Македонија
Сопот на карта

Thumb

Координати 41°53′57″N 21°52′6″E
Регион Вардарски
Општина Свети Николе
ОбластОвче Поле
Население58 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.2220
Повик. бр.032
Шифра на КО24034
Надм. вис.480 м
СлаваСвети Никола Летен
Сопот на општинската карта
Thumb

Атарот на Сопот во рамките на општината
Сопот на Ризницата
Затвори

Потекло и значење на името

Најстарата писмена потврда за селото Сопот се среќава во 1891 година под името Сопотъ.[2]

За потеклото на името се смета дека доаѓа од исчезнатата именка сопот во словенските јазици со значење: шумење, жуборење на вода; извор, водопад; (ст.слов. цевка, срхр. извор кој со силен шум продира од земјата, водопад, словенечки. испарување, водопад, буг. дрвена цевка низ која тече вода, вода што тече низ бразда.),[2] што може и да се потврди од присутноста на водените извори на местоположбата на денешното село.

Географија и местоположба

Thumb
Куќи во селото

Ова село се наоѓа во областа Овче Поле, на североисточните падини на Градиштанска Планина, во западниот дел на територијата на Општина Свети Николе.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 480 метри. Од градот Свети Николе е оддалечено 6 километри.[3]

Селото се наоѓа на едно проширување на самата граница помеѓу ридските падини на исток и котлинската рамнина на запад. Во непосредна близина на селото се наоѓаат селата Трстеник на југозапад и Преод на северозапад. Водата за пиење се добивала од чешми, кои се нарекувале Средна, Стојменова и Ралица.[4]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Стара Црква, Локва, Периш, Лојза, Бареш, Старо Село, Турски Гробишта, Попова Глава и Глава.[4]

Селото има разреден тип. Во него постојат групи на куќи кои се наречени по поголемите родови, како што се наречени Данковци, Поповци и Кечевци. Понекогаш селото се дели и само на Горно и Долно Маало.[4]

Сопот се наоѓа десно од автопатот А4, од кој може да се пристапи преку излезот кај селото Алакинци/Преод. До него води асфалтен пат, кој се поврзува со регионалниот пат Скопје-Свети Николе.

Историја

Селото потекнува уште од XV век.

Месностите Старо Село и Стара Црква се наоѓаат околу 2 километри северозападно од Сопот, на самата атарска граница со соседното село Преод. До крајот на XIX век, таму се познавале руини од стари куќи и цркви, но каменот од тие руини бил однесен подоцна од Черкезите и Турците од соседното село Горобинци. Денес, скоро и да нема остатоци од старини, освен некои гробни плочи и ѕидини од црква. На Старо Село се наоѓа Ристово Кладенче.[4]

Сите мештани кажуваат дека некогашната положба на Сопот била на Старо Село. Некогаш, од Старо Село луѓето се преселиле на денешната повисока местоположба. На местото каде се наоѓа денес селото, порано имало шума. Преместувањето на селото изгледа се случило во текот на XIX век.[4] Ова село важело за многу развиено место, бидејќи имале црква, некој вид на училиште и пазар, каде што се продавала стоката и земјоделските производи. Селото имало над 100 куќи, 10 воденици и околу 1.000 жители. Низ селото минувал и главниот пат што ги поврзувал Штип со Скопје, така што било посетувано и од многу луѓе.

Недалеку од месноста Стара Црква на површината на земјата се наоѓаат „исправени камења“, за кои мештаните кажуваат дека се гробови, но не знаат чии се.[4]

Во 1878 година, во селото се изградила нова црква постветена на Свети Никола, една од ретките во тоа време за тој регион (Ѓуришки), а нешто потоа се изградило и училиште. Започнале да се градат и нови куќи, трла, чешми и воденици.

По 1878 година, во селото се случувале разни кражби и зулуми на Черкезите населени во Горобинци.[4]

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 12 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 816 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 275 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[3] Од земјоделството најмногу се одгледуваат жита (пченица, пченка, јачмен), градинарски култури (пипер, домат, кромид), додека поради поволните пасишта од сточарството се одгледуваат овци, кози и крави. Во помала мера е застапено и овоштарството (јаболки, цреши, ореви) и лозарството.

За време на отоманската власт, во селото постоел мал чифлиг на некој Сечан-ага. Тој ја продал земјата на селаните во исто време, кога била продадена земјата во соседното село Трстеник (1906/1907).[4]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948533    
1953533+0.0%
1961465−12.8%
1971317−31.8%
1981170−46.4%
ГодинаНас.±%
1991108−36.5%
1994102−5.6%
200289−12.7%
202158−34.8%
Затвори

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Сопот имало 320 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Сопот имало 400 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[7]

Селото Сопот бележи постојан пад на бројот на своето население, при што во 1961 година, во селото живееле 466 жители, а во 1994 само 102 жители, македонско население.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Сопот живееле 89 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 58 жители, од кои 54 Македонци, 1 Албанец и 3 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 320 400 533 533 465 317 170 108 102 89 58
Затвори
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Во поново време се забележува обновување на старите куќи, како и подигнување на нови куќи од страна на претходно иселените жители од селото.

Родови

Сопот е македонско село.[4]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1957/58 година родови во селото се:

  • Стари родови: Дучевци (4 к.), Малиновци (4 к.), Данковци (10 к.), Гичевци (2 к.), Пајсторци (4 к.), Кечевци (7 к.), Поповци или Крстевци (8 к.), Умарци (4 к.), Златановци (3 к.), Мирчевци (4 к.), Јанковци (1 к.), Коле Србинковиќ (1 к.), Коне Матевски (1 к.), Стојан Ѓоревски (1 к.), Стојмен Неделков (1 к.) и Панзо Златанов (1 к.). Сите наведени родови се староседелски, порано живееле во Старо Село;
  • Доселеници: Арсевци (1 к.), потекнуваат од домазет доселен во 1922 година од селото Павлешенци, таму се викале Станчевци и биле староседелци; Андоновци (1 к.), доселени се во 1926 година од селото Петралица, Кривопаланечко; Пешевци (2 к.), Гиго (1 к.) и Величко (1 к.), доселени се во 1954/55 година од селото Баратлија, Кривопаланечко; Трајан (1 к.), дојден 1955 од селото Баштево, Кривопаланечко; Манасија (1 к.), доселен во 1957 година од селото Шипак кај Крива Паланка и Василије (1 к.), дојден 1957 година од селото Герман, Кривопаланечко.

Иселеништво

Селото најбројно било по завршувањето на Втората светска војна. Во периодот 1970-1990, селото скоро целосно се испразнило од миграцијата село-град, каде што многу жители се иселиле во градовите Свети Николе, Штип и Скопје.

За поединечни иселувања од селото се знае за следниве родови: Саневи (2 к.), се иселиле во Ѓуземелци кон крајот на XIX век и Ордеви (1 к.), се иселиле во Амзабегово по Првата светска војна.[4]

Општествени установи

  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

Во XIX век, Сопот било село во Кумановската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Свети Николе, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Свети Николе.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Свети Николе. Селото припаѓало на некогашната општина Орашац во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Горобинци, во која покрај селото Сопот, се наоѓале и селата Горобинци, Ѓузумелци, Крушица, Преод и Трстеник. Општината Горобинци постоела и во периодот 1950-1952, кога во нејзе влегувале селата Горобинци, Ѓуземелци, Преод, Сопот, Трстеник и Џидимирци.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1689 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 51 гласач.[15]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 48 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Св. Никола“
Археолошки наоѓалишта[17]
Цркви[18]
  • Црква „Св. Никола“ — главна селска црква, потекнува од 1878 година. Иконите и фрескоживописот во куполата се од XIX век и се дело на непознати автори (мајстори од кратовска тајфа) и Петре.[19]. Според некои извори, црквата е изградена на место на средновековен христијански храм, но не е доволно проучена.[3]

Редовни настани

Слави[4]

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.