Преод
село во Општина Свети Николе, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Свети Николе, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Преод (поретко како Преот) — село во областа Овче Поле, во Општина Свети Николе, во близина на градот Свети Николе.
Преод | |
Поглед кон селото | |
Координати 41°54′36″N 21°51′09″E | |
Регион | Вардарски |
Општина | Свети Николе |
Област | Овче Поле |
Население | 25 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2220 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 24030 |
Надм. вис. | 550 м |
Слава | Спасовден и Мала Богородица |
Преод на општинската карта Атарот на Преод во рамките на општината | |
Преод на Ризницата |
Ова село се наоѓа во областа Овче Поле, на североисточните падини на Градиштанска Планина, во северозападниот дел на територијата на Општина Свети Николе.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 550 метри. Од градот Свети Николе е оддалечено 11 километри.[2]
Преод е вгнезден во еден засек, над кој се пружа рамнина, каде во минатото се наоѓала шума. Од рамнината извира повеќе извори со добра вода за пиење, од кој најглавниот е наречен Орашка Вода. Во засекот постојат извори, кои се соѕидани во чешми наречени Горна Чешма и Карпа Чешма. Истовремено, селаните поседуваат и повеќе бунари.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Каменито Брдо, Средни Рид, Осој, Дабев Камен, Широки Дол, Белези, Скопско Џаде, Митев Рид, Бела Чука, Врањак, Лезички Дол, Садеви, Рамни Рид, Кузева Страна, Орманче, Орлујево, Брегој, Гумниште, Бубаќи, Галабова Дупка, Голем Рид и Орашки Камен.[3]
Селото има збиен тип. Селото е поделено на четири маала: Горно, Долно, Мусеско и Гргуровско.[3]
Преод се наоѓа десно од автопатот А4, на кој има посебен излез заедно со селото Алакинци. До него води асфалтен пат, кој се поврзува со регионалниот пат Скопје-Свети Николе.
Преод е младо село. По традицијата било основано кон крајот на XVIII век. Основачи на селото биле Македонци доселени од некогашното село Слатино. Селото Слатина се наоѓало во близина на патот Куманово-Свети Николе, околу 1.300 метри северно од селото Мездра.[3]
Земјата на кое било основано селото се наоѓала под шума. Шумата и атарот на Преод припаѓале на постарите соседни македонски села Сопот и Крушица, кои ја остапиле земјата на новото село. Во почетокот, атарот на Преод бил доста мал, но тој постепено се ширел на сметка на делови од атарите на соседните села.[3]
На месноста Белези под селото, на самата атарска граница со Сопот, се наоѓаат траги во камен. За овие траги, мештаните веруваат дека се работи за скок на Крале Марко.[3]
Атарот зафаќа простор од 10,2 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 548 хектари, на пасиштата отпаѓаат 288 хектари, а на шумите 127 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]
До крајот на отоманската власт, земјиштето во селото било во посед на селаните, но постоеле и четири чифлици. Сопствениците на чифлиците живееле во Скопје. Кон крајот на отоманската власт, земјата ја продале на селаните.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Преод имало 360 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Преод имало 320 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[6]
Селото е мало, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година броело 390 жители, но во 1994 година бројот се намалил дури на само 40 жители.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Преод живееле 44 жители, сите Македонци.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 25 жители, од кои 6 Македонци и 19 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 360 | 320 | 567 | 507 | 390 | 198 | 80 | 39 | 40 | 44 | 25 |
Преод е македонско село, каде се познаваат три групи на родови.[3]
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1957/58 година родови во селото се:
Се знае за следниве иселеници од селото: Донче иселени се во селото Кнежје, Тренчеви, Бучкови и Мусевци, во периодот од 1941-44 се иселиле во селото Кадрифаково, а Смилеви во 1936 година се иселиле во селото Буриловци.[3]
После Втората светска војна имало иселеници во Скопје, Штип, Велес, Куманово.[3]
Во XIX век, Преод било село во Штипската каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Свети Николе, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Свети Николе.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Свети Николе. Селото припаѓало на некогашната општина Орашац во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Горобинци, во која покрај селото Преод, се наоѓале и селата Горобинци, Ѓузумелци, Крушица, Сопот и Трстеник. Општината Горобинци постоела и во периодот 1950-1952, кога во нејзе влегувале селата Горобинци, Ѓуземелци, Преод, Сопот, Трстеник и Џидимирци.
Во селото постои избирачкото место бр. 1688 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на приватен објект.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 25 гласачи.[14]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 24 гласачи.[15]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.