направа што претвора оптичка слика во електронски сигнали From Wikipedia, the free encyclopedia
Сликозафатник (сензор или фотоматрица) — направа кај оптичките уреди која претвора оптичка слика во електричен сигнал. Наоѓа примена главно кај дигиталните фотоапарати и други уреди за светлосен запис. Сликозафатникот обично е уред со напојна врска (CCD) или активнопикселски сликозафатник во облик на комплементарен метал–оксид–полупроводник (CMOS). Сликозафатникот е вид на светлосетилник.
Денес највеќето дигитални фотоапарати користат сликозафатници од типовите CCD или CMOS. Обата типа ја вршат истата задача — доловување на светлината и нејзино претворање во електрични сигнали.
Уредот со напојна врска (CCD) е аналоген уред. Кога светлината ќе дојде до интегралното коло (чипот), таа станува мал електричен сигнал во секој сликозафатник. Овие полнења се претвораат во напон, еден по еден пиксел (точка), како што се вчитуваат од интегралното коло. Други кола во фотоапаратот ја претвораат напонот во дигитални информации.
CMOS интегралното коло е вид на активнопикселски сликозафатник направен со помош полупроводничкиот процес на CMOS. До секој сликозафатник има дополнителни кола кои ја претвораат светлосната енергија во напон. На интегралното коло може да има дополнителни кола за претворање на напонот во дигитални податоци.
Ниедна од овие технологии немаат јасна предност во квалитетот на сликата. Сликозафатникот од типот CMOS може да се имплементира со помалку делови, да користи помалку струја и/или да дава побрзо вчитување отколку сликозафатникот од типот CCD. CCD од друга страна, е посозреана технологија и во скоро секој поглед е еднаква на CMOS технологијата.[1][2]
При оценувањето на работата на еден сликозафатник може да се користат многу параметри, меѓу кои неговиот динамички опсег, неговиот сооднос на сигнал и шум, чувствителноста на мала светлина итн. Кај сликозафатниците од споредлив тип, соодносот на сигнал и шум и динамичкиот опсег се подобруваат со зголемување на неговите димензии.
Постојат неколку главни вида на сликозафатници за боја, кои се разликуваат по начинот на одвојување на боите:
Наменските сликозафатници се користат за најразлични примени како топлински испис, правење на повеќеспектарски снимки, гама камери, сетилни полиња за рендгенски зраци, и други високочувствителни полиња со примена во астрономијата.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.