Сливје
село во Општина Долнени From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Долнени From Wikipedia, the free encyclopedia
Сливје — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.
Сливје | |
Поглед на Сливје | |
Координати 41°27′00″N 21°22′22″E | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Долнени |
Област | Прилепско Поле |
Население | 23 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 7505 |
Повик. бр. | 048 |
Шифра на КО | 20097 |
Надм. вис. | 625 м |
Сливје на општинската карта Атарот на Сливје во рамките на општината | |
Сливје на Ризницата |
Сливје се наоѓа во северниот дел на Прилепското Поле, непосредно од десната страна на реката Рибник. Селото е рамничарско и се простира на надморска височина од 625 м. Од Прилеп е оддалечено 29 км. Селскиот атар зафаќа површина од 2,6 км2.[2]
Селото има полјоделска функција и на неговиот атар преовладува обработливото земјиште на површина од 186 ха.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година како дел од Прилепскиот Вилает и во него живееле 37 семејства, 2 неженети и 2 вдовици, сите христијани.[3]
Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сливје било село со 18 домаќинства и 85 жители Македонци.[4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сливје имало 82 жители Македонци и 14 Роми.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 56 жители Македонци.[6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Сливје се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 8 куќи.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[8]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 35 жители, сите Македонци.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 23 жители, од кои 21 Македонец и 2 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 96 | 56 | 183 | 215 | 199 | 196 | 93 | 40 | 32 | 35 | 23 |
Сливје е македонско село.
Родови во селото се: Кунтушовци (6 к.) по потекло се од селото Бистрица, Азот, го знаат следното родословие: Илија (жив на 67 г. во 1950-тите) Стојан-Трајко, основачот на родот, Трајко од Бистрица најпрво се доселил Браилово, па потоа во Пешталево, па се вратил назад во Браилово, во Сливје дошол синот на Трајко, Стојан; Михајловци (3 к.) доселени се од селото Рилево, таму припаѓале на родот Машуловци кои биле староседелци; Минчевци (4 к.) доселени се од Заград, тоа е сега раселено село близу Прилеп, во Сливје дошле 1900 година; Спировци (3 к.) доселени се во 1900 година од селото Секирци, таму припаѓале на родот Тренковци; Котевци (3 к.) доселени се во 1900 година, пред тоа живееле во селото Браилово и некои други прилепски села; Антовци (5 к.) доселени се во 1902 година, пред тоа живееле во Браилово, Ропотово и Пешталево; Стамболџиовци (1 к.) доселени се во 1924 година од селото Зрзе, таму припаѓале на истоимениот род, подалечно потекло имаат од Дебарско; Тренковци (1 к.) доселени се од селото Секирци, таму потекнувале од домазет доселен однекаде; Ропановци (1 к.) доселени се од Рилево, таму имаат истоимени роднини доселени однекаде.[15]
Во селото порано имало основно училиште во коешто се одржувала настава до четврто одделение.
Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Костинци.
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1482 од изборната единица 5 според Државната изборна комисија, сместено во зградата на поранешното училиште.[16]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 24 гласачи.[17]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.