Сколиоза
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сколиоза (потекнува од грчкиот збор сколиосис[1] или сколиос што значи „искривено”) е медицинска состојба, каде што се забележува искривување на ‘рбетот од едната страна. Иако е сложена тридимензионална деформација, доколку би се видело на рендгенските снимки од задната страна, ‘рбетот на лицето со сколиоза може да изгледа повеќе како буквите „S” или „C” отколку како права линија. Сколиозата се класифицира како вродена (предизвикана од мани на пршлените од раѓање), идиопатска (не е познато од што е предизвикана, подкласифицирана како детска, адолесцентна или возрасна во зависност од тоа кога се појавила) или невромускуларна (кога се развива како втор симптом од друга состојба, како спина бифида, церебрална парализа, спинална мускуларна атрофија или физичка траума). Во просек 20 милиони луѓе се дијагностицирани со оваа состојба во САД.