![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/b/b4/Sou_d%2527or_de_Sigebert_II_frapp%25C3%25A9_%25C3%25A0_Marseille.png/640px-Sou_d%2527or_de_Sigebert_II_frapp%25C3%25A9_%25C3%25A0_Marseille.png&w=640&q=50)
Сигеберт II
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сигеберт II (602[1] - 613) е син на кралот Теодорих II[2]. Тој владее неколку месеци со Австразија и Бургундија во 613[3] под авторитет на неговата прабаба Брунхилда.
Сигеберт II | |
---|---|
![]() Печатот на Сигеберт II. Национални архиви, Париз. | |
Крал на Австразија и на Бургундија | |
На престол | 613 |
Претходник | Теодорих II |
Наследник | Хлотар II : (Обединување на сите Франки) |
Роден(а) | 602 |
Починал(а) | 10 октомври 613 |
Династија | Меровинзи |
Татко | Теодорих II |
Мајка | Ерменберга |
На крајот од првата деценија после 600, Св. Коломбан отишол во вилата Брокариакум (веројатно Буршерес, јужно од Отен) а да побара од кралицата Брунхилда земја и пари. За возврат таа побарала од него да ги благослови нејзините правнуци, Сигеберт, Хилдеберт, Корбус и Меровех, со коишто таа живеела. Коломбан, сметајќи дека тие деца се нелегитимни, одбива да им даде благослов [4].
Во 613, неговиот татко Теодорих II умира на возраст од дваесет и пет години. За да го замени, Брунхилда тогаш на престолот го поставила Сигеберт иако тој тогаш имал одвај дванаесет години [5]. Поставувањето на Сигеберт II на престолот, најстариот од синовите на Теодорих II, се извршува со првородство, без поделба на кралството кое требало да биде поделено на четири дела. Со тоа што не биле ошишани, тројцата браќа на Сигеберт сепак го зачувале нивното право на престолот[6]. Иако таа ја држела вистинската моќ[7], Брунхилда му доделила на Сигеберт и војска. Управувањето на кралството му е доделена на мајордомот Варнакер[8].
Хлотар II кроел завера со моќниците од кралството на Сигеберт II против Брунхилда, сќе додека таа не се решила да се оттараси од него. Ги испратила Сигеберт и Варнакер да формираат војска во тогашна Саксонија и во Турингија но Вернакер намерно направил таквата мисија да пропадне бидејќи слушнал дека кралицата имала намера да го убие[8]. Варнакер тогаш стапил во сојуз со моќниците од Бургундија додека пак Брунхилда го пратила Сигеберт и неговите браќа придружени со бургондски трупи во Австразија за да го задушат бунтот. Хлотар II тогаш одлучил да се здружи со бунтовниците и неустриската војска се сретнала со австразиско-бургундската војска во Шалон-ан-Шампањ[9]. Варнакер и неговите приврзаници се зздружиле со Неустријците и успеале да ги заробат Сигеберт II, Корбус и Меровех. Во Ренева, на десниот брег на реката Сона[10],[11], откако ги фатил членовите на кралското семејство на Австразија-Бургундија, Хлотар II наредил да бидат убиени. После куо време убиена била и кралицата Брунхилда.