Австразија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Австразија (поретко Австрија, и двете со значење "источна земја") го формирала североисточниот дел на кралството на меровиншките Франки, и зафаќала делови од териториите на денешниот источен дел на Франција, западен дел на Германија, Белгија, Луксембург и Холандија. Мец бил нејзина престолнина, иако некои австразиски кралеви владееле од Ремс, Трир, и Келн. Австразија исто се користел како термин за северноисточна Италија, како спротивност на Неустрија, што значело северозапад.