From Wikipedia, the free encyclopedia
Серхио Гомес Мартин (роден на 4 септември 2000, во Бадалона) — шпански фудбалер, играч од одбраната или од средниот ред на Реал Сосиедад.
Серхио Гомес | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Серхио Гомес Мартин[1] | ||
Роден на | 4 септември 2000[2] | ||
Роден во | Бадалона, Шпанија | ||
Држава | Шпанија | ||
Висина | м[2] | 1,71||
Позиција | одбрана, среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Реал Сосиедад | ||
Број | 17 | ||
Младинска кариера | |||
Бадалона | |||
Еспањол | |||
Барселона | |||
Борусија Дортмунд | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2017-2018 | Барселона Б | 2 | (0) |
2018-2019 | Борусија Дортмунд II | 14 | (2) |
2018-2021 | Борусија Дортмунд | 2 | (0) |
2019-2021 | → Уеска | 65 | (1) |
2021-2022 | Андерлехт | 40 | (6) |
2022-2024 | Манчестер Сити | 18 | (0) |
2024- | Реал Сосиедад | 0 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2016 | Шпанија 16 | 3 | (0) |
2016-2017 | Шпанија 17 | 23 | (9) |
2018 | Шпанија 18 | 4 | (2) |
2018-2019 | Шпанија 19 | 15 | (1) |
2019-2023 | Шпанија 21 | 19 | (9) |
2024- | Шпанија (олимп.) | 5 | (1) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Тој е офанзивен бек, опремен со добра индивидуална техника, кој главно делува по левата страна на одбраната. Тој, исто така, може да биде распореден во понапредна позиција, како мецала или како високо офанзивно крило, а бил користен дури и како офанзивен играч од средниот ред. Вешт е во нафрлувањата, има одличен центаршут со што често дава асистенции за своите соиграчи.[3][4]
Роден во Бадалона, Каталонија, преку локалниот тим и Еспањол, во 2010 година се приклучил на младинската школа на Барселона, во која играл осум сезони поминувајќи низ целиот процес кој опфаќа различни младински селекции. На 6 јануари 2018 година, тој го направил своето професионално деби, играјќи за Б тимот на Барселона во натпреварот од Сегунда Дивисион против Реал Сарагоса.[5]
На последниот ден од зимскиот трансферен прозорец тој бил купен од Борусија Дортмунд,[6] која првично го додала во својот тим под 19 години, за да дебитира во Бундеслигата на 8 април 2018, во натпреварот добиен со 3-0 против Штутгарт.[7] Играјќи главно за вториот тим во Регионалната лига во поглед на следната сезона, на 11 декември, тој бил повикан за натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите против Монако, во кој се појавил на теренот во судиското надополнување од второто полувреме.
На 12 август, тој бил позајмен до крајот на сезоната на Уеска,[8] каде што одиграл позитивна сезона придонесувајќи за промоцијата на клубот во повисок ранг со 36 настапи во Сегунда Дивисион, исто така постигнувајќи го својот прв професионален гол против Понферадина. На 1 септември 2020 година, заемот бил обновен за следна сезона;[9] дваесет дена подоцна тој го направил своето деби во врвната шпанска дивизија, излегувајќи на терен во натпреварот загубен со 2-0 од Кадис. Во втората сезона во Уеска одиграл 29 првенствени натпревари без постигнат гол.
На 30 јуни 2021, Гомес потпишал четиригодишен договор со белгискиот клуб Андерлехт.[10] Дебитирал во белгиското првенство на 25 јули 2021, во поразот на домашен терен од Јунион Сен Жилоаз со 1-3, во кој забележал асистенција за единствениот гол на Андерлехт кој го постигнал Јари Версхарен. Сезоната 2021-2022, ја завршил со 49 настапи и 7 гола.
После одличната сезона во Андерлехт, на 16 август 2022 година, бил официјализиран неговиот трансфер вреден 13 милиони евра во Манчестер Сити, со кој потпишал договор до јуни 2026 година.[11] Своето деби го имал единаесет дена подоцна, влегувајќи како замена за Ерлинг Холанд во победата со 4–2 на домашен терен над Кристал Палас.[12] Во Сити поминал две години, во кои иако играл малку и тоа главно влегувајќи од клупата за резерви, тој освоил голем број на одличја; во првата сезона со клубот ја освоил тројната круна, победувајќи во Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите, а во следната освоиле уште три трофеи, повторно Премиер лигата, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство.
На 12 јули 2024 година, после две сезони како резерва во Манчестер тој се преселил во Реал Сосиедад за 9 милиони евра, потпишувајќи договор со важност до 30 јуни 2030 година.[13]
Гомес играл речиси за сите шпански младински репрезентации. Во 2017 година со шпанската репрезентација под 17 години го освоил Европското првенство во споменатата категоријата. Истото го повторил две години подоцна со шпанската репрезентација под 19 години, кога во финалето ја победиле Португалија.
На 14 ноември 2019 година, тој го направил своето деби за репрезентацијата под 21 година, заменувајќи го Феран Торес во 82-рата минута од квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2021 година, победата со 3-0 на домашен терен над Македонија. Две години подоцна, на 8 октомври 2021 година, тој го постигнал својот прв гол за У21 селекцијата, во победата со 3-2 на домашен терен против Словачка, натпревар валиден за квалификациите за Европското првенство 2023 година. Само неколку дена подоцна, на 12 октомври, тој постигнал два гола во победата со 3-0 над Северна Ирска.
На Европското првенство за играчи под 21 година 2023 во Грузија и Романија, Гомес постигнал три гола и бил најдобар стрелец на првенството заедно со соиграчот Абел Руис и украинецот Георги Судаков; првиот гол го постигнал во победата со 3-0 над Романија во групната фаза, потоа погодил против Швајцарија во четвртфиналето за победата со 2-1 и против Украина во победата со 5-1 во полуфиналето. Сепак, Шпанија не успеала да стигне до титулата откако во финалето била поразена од Англија со 1-0.
Следното лето, тој играл за олимписката репрезентација на игрите во Париз 2024, каде постигнал гол во првиот натпревар на Шпанија, победата со 2-1 над Узбекистан.
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Шпанија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Дата | Град | Домашни | Резултат | Гости | Натпреварување | Голови | Инфо | Детали |
24-7-2024 | Париз | Узбекистан | 1 – 2 | Шпанија | Олимписки игри 2024 - Прва фаза | 1 | ||
Вкупно | Настапи | 1 | Голови | 1 |
Статистиката е ажурирана на 12 јули 2024.
Сезона | Клуб | Првенство | Национален куп | Континентален куп | Останати купови | Вкупно | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Лига | Наст | Гол | Наст | Гол | ||
2017-јан. 2018 | Барселона Б | СД | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 2 | 0 |
јан.-јун. 2018 | Борусија Дортмунд | БЛ | 2 | 0 | КГ | 0 | 0 | ЛШ | 0 | 0 | - | - | - | 0 | 0 |
2018-2019 | БЛ | 0 | 0 | КГ | 0 | 0 | ЛШ | 0 | 0 | - | - | - | 0 | 0 | |
2018-2019 | Борусија Дортмунд II | РЛ | 14 | 2 | - | - | - | - | - | - | - | - | - | 14 | 2 |
2019-2020 | Уеска | СД | 36 | 1 | КШ | 1 | 0 | - | - | - | - | - | - | 37 | 1 |
2020-2021 | ПД | 29 | 0 | КШ | 2 | 0 | - | - | - | - | - | - | 31 | 0 | |
Вкупно Уеска | 65 | 1 | 3 | 0 | - | - | - | - | 68 | 1 | |||||
2021-2022 | Андерлехт | ПЛ | 34+5[14] | 5+1 | КБ | 6 | 1 | ЛК | 4[15] | 0 | - | - | - | 49 | 7 |
авг. 2022 | ПЛ | 1 | 0 | КБ | - | - | ЛК | - | - | - | - | - | 1 | 0 | |
Вкупно Андерлехт | 35+5 | 5+1 | 6 | 1 | 4 | 0 | - | - | 50 | 7 | |||||
2022-2023 | Манчестер Сити | ПЛ | 12 | 0 | ФАКуп+ЛК | 4+2 | 0 | ЛШ | 5 | 0 | КШ | - | - | 23 | 0 |
2023-2024 | ПЛ | 6 | 0 | ФАКуп+ЛК | 2+1 | 0 | ЛШ | 5 | 0 | КШ+СУ+Скп | 0+0+1 | 0 | 15 | 0 | |
Вкупно Манчестер Сити | 18 | 0 | 9 | 0 | 10 | 0 | 1 | 0 | 38 | 0 | |||||
2024-2025 | Реал Сосиедад | ПД | - | - | КШ | - | - | ЛЕ | - | - | - | - | - | - | - |
Вкупно во кариерата | 141 | 9 | 18 | 1 | 14 | 0 | 1 | 0 | 174 | 10 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.