Семејство Ќиријази
From Wikipedia, the free encyclopedia
Семејство Ќиријази (албански: Familja Qiriazi) биле истакнато албанско семејство од Манастир (денешна Битола, Македонија). Тие биле просветители, преведувачи, издавачи и јавни личности од периодот на албанското национално будење. Запаметени се по нивните активности за поддршка на консолидацијата на албанската национална свест.[1] Исто така се познати, особено Ѓерасим и Ѓерѓ, по нивната улога како рани основачи на Албанското евангелско движење.[2]