Северен Кавказ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Северен Кавказ (руски: Северный Кавказ) или Преткавказје (Предкавказье) — северен дел од регионот Кавказ во европска Русија, на подрачјето помеѓу Азовското и Црното Море на запад и Каспиското Море на исток. Територијата лежи северно од венецот Голем Кавказ) и опфаќа повеќе републики и краеви во рамките на Севернокавкаскиот и Јужниот федерален округ, и тоа Краснодарскиот и Ставрополскиот крај, како и републиките (од запад кон исток) Адигеја, Карачаево-Черкесија, Кабардино-Балкарија, Северна Осетија-Аланија, Ингушетија, Чеченија и Дагестан.[1]
Географски, поимот Северен Кавказ може да се однесува и на северната падина и западниот завршеток на венецот Голем Кавказ, како и дел од јужната падина кон запад (сè до реката Псоу во Абхазија). Поимот Преткавказје честопати ја опфаќа и Понтиско-касписката Степа (Преткавкаска Степа), чија северна граница е реката Манич.