Сантјаго де Куба (покраина)
покраина во Куба / From Wikipedia, the free encyclopedia
Сантјаго де Куба (шпански: Provincia de Santiago de Cuba) — втората покраина по број на жители во Куба. Во неа живеат околу 1,2 милиони луѓе; најголемиот град, Сантјаго де Куба (554.000) е главен административен центар. Други поголеми градови се Палма Соријано (125.000), Контрамаестре (88.000), Мајари Ариба (80.000), Сан Луис (65.000) и Сонго-ла Маја (50.000).
Сантјаго де Куба Provincia de Santiago de Cuba | |
---|---|
Покраина во Куба | |
Земја | Куба |
Админ. центар | Сантјаго де Куба |
Површина[1] | |
• Вкупна | 6.234,16 км2 (240,702 ми2) |
Население (31 дек 2010)[1] | |
• Вкупно | 1.047.015 |
• Густина | 1,7/км2 (4,3/ми2) |
Час. појас | EST (UTC-5) |
Повик. бр. | +53-226 |
Покраината е богата со прородни ресурси како железо и никел. Меѓутоа стопанството е главно земјоделско, со големи плантажи на банани, какао и кафе ширум нејзините пространства. Околу главниот град индустријата е во подем, а исто така и туризмот. Природната убавина на овие краишта привлекуваат многу туристи од КУба и од светот.
Во покраината Сантјаго де Куба се случиле многу битки, во војната за независност, како и во Кубанската револуција (1959), каде голем дел од герилските борби се одвивале по планините.