From Wikipedia, the free encyclopedia
Роберт Хибнер (роден на 6 ноември 1948 во Келн, Западна Германија)[1] е познат германски велемајстор, шаховски автор и папиролог[2]. Во својата шаховска кариера, Хибнер има играно на многу силни турнири и против многу силни противници. Меѓу најзначајните негови постигнувања е златниот медал за најдобар шахист на прва табла на шаховската олимпијада одржана во Скопје во 1972, како и учеството во четвртфиналниот меч на турнирот на кандидатите во 1983. Најголемиот рејтинг, Хибнер го остварил во април 1973 и изнесувал 2732 бода (април 1973), а во 1980 бил дури и трет на светската шаховска рејтинг-список на ФИДЕ. Со овие достигнување, Хибнер се смета за најдобриот германски шахист по Емануел Ласкер.
Роберт Хибнер | |
---|---|
Целосно име | Роберт Хибнер |
Земја | Германија |
Роден | 6 ноември 1948
Келн, Западна Германија |
Титула | велемајстор |
Ранг | 2592 (септември 2011) |
Најв. ранг | 2732 (април 1973) |
Хибнер научил да игра шах на 5 години, а негов учител бил неговиот татко. Во 1957, тој се зачленил во еднен локален шаховски клуб. Како дел од шаховскиот клуб, Роберт се појавил на шаховската сцена на турнир во Минден во 1961, на кој остварил забележителен учинок, 5 од 7. Во 1963, станал младински првак на Германија, победувајќи во Бад Швалбах. Една година подоцна, учествувал на меѓународен младински турнир во Гронинген, на кој завршил на делба на првото место, заедно со Ханс Рее. На младинското светско првенство, одржано во Барселона во 1965, Хибнер завршил на делба од петтото до седмото место, а на следното светско младинско првенство, одржано во Ерусалим во 1967, завршил четвртти, веднаш зад Каплан, Кин и Тиман.
Роберт Хибнер бил ученик на познатиот спортски новинар и меѓународен мајстор Паул Тригер.
По настапите во младинска конкуренција, Хибнер продолжил да се натпреварува и во сениорска конкуренција. Првиот забележителен резултат го остварил на првенството на Германија во Келн во 1967, на кое завршил на делба на првото место, заедно со Ханс Бесер. Во 1968, Роберт победил на меѓународен турнир во Бизум, а следната 1969 обезбедил учество на меѓузонскиот турнир во Атина, завршувајќи на делба од 2-3 место на квалификациониот турнир.
Во 1970, Хибнер учествувал на силниот меѓузонски шаховски турнир во Палма де Мајорка. На турнирот учествувал и идниот светски првак Боби Фишер, против кого, Хибнер одиграл реми во двете партии. Фишер победил на турнирот со 18,5 бода, а Хибнер завршил на делба од 2-4 место со 15 бода, заедно со Ларсен и Гелер. Со овој успех, Роберт обезбедил учество на турнирот на кандидатите, а уште веднаш ја исполнил и велемајсторската форма, станувајќи најмладиот германски велемајстор[1].
На турнирот на кандидатите, одригран во Севиља, Хибнер играл добро, сè до четвртфиналето, каде се сретнал со поранешниот светски првак Тигран Петросјан. Во овој меч, Хибнер влегол доста вознемирено, за што можеби прилина била и големата бучност во салата. Петросјан се покажал како поцврст и посмирен шахист, кој ја покажал својата моќ без поголеми вознемирувања. Мечот не завршил до крај, бидејќи Хибнер се откажал по седмата партија од мечот, при резултат 4-3 за Петросјан.
Во 1973, Хибнер учествувал на меѓузонскиот турнир во Ленинград, на кој завршил петти, со што не обезбедил учество на турнирот на каднидатите. Но, сепак според рејтинг списокот на ФИДЕ објавена во април 1973, Хибнер имал рејтинг 2732, што е негов најголем рејтинг воопшто. Тој бил дел од шаховскиот клуб Золинген, со кој одиграл меч против Корчној, од кого загубил со резултат 3,5-4,5. Во 1974 и 1975, тој му помогнал на својот клуб Золинген да ги освои титулите државен клупски првак.
Во 1976, Роберт учествувал и на меѓузонскиот турнир во Бил, на кој завршил на делба од 5-7 место, што не му донело учество на турнирот на кандидатите, притоа пропуштајќи голема шанса за победа во партијата која ја загубил против Петросјан.
Во 1978, Хибнер учествувал на силниот турнир во Тилбург, а следната 1979 и на „турнирот на ѕвездите“ во Монтреал, на кој учествувал и најдобрите шахисти во светот во тоа време, меѓу кои Анатолиј Карпов, Михаил Таљ и Јан Тиман.
По неколкугодишните клупски натпревари, Хибнер учествувал на меѓузонскиот турнир во Рио де Жанеиро во 1979. На овој турнир, тој се покажал во одлично издание и завршил трет, веднаш зад Петросјан и Портиш, со што обезбедил учество на престојниот турнир на кандидатите.
На турнирот на кандидатите во 1980, Хибнер играл одлично. Во четвртфиналето одиграно во Бад Лаутерберг, тој го победил унгарскиот велемајстор Андраш Адорјан со резултат 6,5-5,5 (+2-1=7), а потоа во полуфиналето победил уште еден унгарски велемајстор, овој пат Лајош Портиш со 6,5-4,5 (+2-0=7). По оваа победа, тој го постигнал највисокиот положбен пласман на рејтинг списокот на ФИДЕ (3. место, веднаш зад Анатолиј Карпов и Виктор Корчној).
Финалниот меч на турнирот на кандидатите содржел 16 партии, а противник на Хибнер бил Корчној. По, добриот почеток и водството по првите 6 одиграни партии, Хибнер изгубил значајно темпо во завршницата, по што ја загубил партијата. Овој пораз, многу силно влијаел на понатамошната игра негова игра, па така Роберт ги загубил следните 3 партии, од кои последните 2 со ковертирани потези. По десеттата партиј, при резултат 6,5-3,5 за корчној, Хибнер се откажал од понатамошната борба во овој меч, со што и второто негово учество на турнирот на кандидатите завршило без успех.
Во 1982, Хибнер победил на силен двонасочен шаховски турнир со 6 учесници, одржан во Чикаго, со предност од 2,5 бода пред Валтер Браун и 3 пред Виктор Корчној.
Во 1983, Хибнер по третпат учествувал на турнирот на кандидатите, откако се пласирал во финалето на оној во 1980. Во четвртфиналниот меч одигран во Фелден ам Вортер Зее, Роберт се сретнал со некогашниот светски првак Василиј Смислов. По 10 одиграни партии, резултатот бил 5:5 (+1-1=8). Во продолжение 4 партии завршиле реми, па за да се одлучи победникот мечот се прибегнало кон примена на методот на елиминација (кој прв загуби , го губи и мечот), при што Хибнер имал „пех“ и се откажал.
Во 1980-тите, Хибнер продолжил даигра на силни турнири, но со послаб интензитет. Негово глемо достигнување во овој период е пласманот на делба на првото место, заедно со Љубомир Љубоевиќ на шаховскиот турнир во Линарес.
Во 1990, тој учествувал на меѓузонскиот турнир во Манила, на кој завршил на седмото место со резултат 8 од 13, што се покажало како доволно за обезбедување учество на турнирот на кандидатите. Во јануари 1991, во осминафиналниот меч на турнирот на кандидатите, одигран во Сараево, Роберт Хибнер претрпел пораз од Јан Тиман со 2,5-4,5.
Хибнер бил секундант, веднаш по Најџел Шорт во мечот на каднидатите за избор на предизвикувач на Гари Каспаров за светски првак во 1993 во Лондон. Сепак, на меѓузонскиот турнир, одржан во Бил во 1993, тој не успеал да обезбеди учество на турнирот на каднидатите. Во 1993 година, Роберт Хибнер станал првак на Германија.
Во 2001, во рамките на одржувањето на шаховскиот турнир во Дортмунд, Хибнер одиграл меч против компјутерскиот шаховски програм Fritz, во кој сите шест партии завршиле реми. Истата година, тој го напуштил шаховскиот клуб од Золингерн, преминувајќи во шаховскиот клуб Баден-Баден од истоимениот град. Со новиот клуб, во 2006 победил на првенството на Германија. Во 2007 ги завршил настапите за овој клуб,а од 2008 започнал да се натпреварува за шаховскиот клуб Ремаген.
Хибнер бил успешен и во натпреварите од Европскиот клупски куп. Двапати бил дел од победничката екипа. Првиот пат во 1990, како член на клубот Золингер 1868 и вториот пат во 1992 како дел од шаховската екипа на Баерн Минхен.
Медали | ||
---|---|---|
Натпреварувач за Западна Германија | ||
Шах во машка конкуренција | ||
Шаховски олимпијади | ||
1972 Скопје | Прва табла - поединечно | |
Натпреварувач за Германија | ||
Шах во машка конкуренција | ||
2000 Истанбул | Екипно |
Роберт Хибнер учествувал на 11 шаховски олимпијади во периодот од 1968 до 2000, претставувајќи ја Западна Германија, а потоа Германија. На овие натпреварувања, тој одиграл 121 партија и освоил 79,5 бода. Најголемиот успех го постигнал на 20. шаховската олимпијада одржана во Скопје во 1972, кога го освоил златниот медал на прва табла во поединечна конкуренција. На 34. шаховска олимпијада, одржана во Истанбул во 2000, Хибнер освоил сребрен медал со реопрезентацијата на Германија во екипна конкуренција.
Хибнер може да се пофали со одлични резултати во играњето симултанка на слепо. Во 1997, тој играл симултанка на слепо на 6 табли, против шахисти од второлигашкиот клуб од Келн, губејќи со резултат од 5,5-0,5. На 50-годшниот јубилеј на шаховскиот клуб Кројцберг, на 25 септември 1999, Хибнер одиграл симултанка на слепо на 8 табли, против шахисти од вторологашкиот клуб кои имале Ело рејтинг околу 2300. Хибнер загуубил со 6,5-1,5.[3]
a | b | c | d | e | f | g | h | ||
8 | 8 | ||||||||
7 | 7 | ||||||||
6 | 6 | ||||||||
5 | 5 | ||||||||
4 | 4 | ||||||||
3 | 3 | ||||||||
2 | 2 | ||||||||
1 | 1 | ||||||||
a | b | c | d | e | f | g | h |
Во разновидниот придонес на Роберт Хибнер, за бележителен е и неговиот придонес во теоријата на шаховски отворања. Разновидниот стил на игра, а и моќните и презцизни анализи на партиите покажуваат дека имал големо познавање и во шаховската теорија.
Во негова чест, денес една варијанта во Нимцо-индиската одбрана го носи неговото име (Хибнерова варијанта).[4][5]
Во 1990-тите, Хибнер го поседувал авторското право за коментар на многу шаховски партии. Тој утврдил дека секој шахист има лично право во партијата што ја игра, која претставува негова духовна творба и партија која без дозвола на шахистите кои ја одиграле не смее да се објави во јавноста. Со ова мислење, тој не можел да го спроведе својот план.
За да се објасни проблемот поедноставно, Хибнер напорно работел на еден преседан. Имено во партијата од првенството на Германија меѓу Кучински и Хибнер (28 февруари 1993), Хибнер одбил да го предаде листот на кој биле запишувани потезите. Поради тоа, службено било одлучено оваа партија да заврши реми, што за Хибнер било загубена позиција. Нешто подоцна, комисијата за шаховски турнири на Германија одлучила, Роберт Хибнер по секоја партија читливо и уредно да го предава листотс на кој биле запишани потезите на судијата на шаховскиот настан, со цел да се спречи спорното завршување на партиите со службен резултат реми.
Во 1994, двајцата членови на германскиот шаховски сојуз, Волфганг Унцикер и Ернст Бедау го изнеел своето мислење, по што на шаховските партии не им било доделено ниаккво авторско право[6]. Ова било образложението:
„Кога две (или повеќе) личности работат иста работа со заедничка цел, тогаш секој има авторско право. Но, во шаховската партија не е земена една иста цел, таму секој игра за победа и напорите на противниците водат до вознемирување. Затоа, шахистите немаат авторско право над шаховската партија“
Во април 1994, Хибнер поднел групна петиција до германскиот шаховски сојуз, во која навел дека овие партии се заштитени со авторско право. На 31 март 1995, петицијата била одбиена од страна на германскиот шаховски сојуз.
Во 1990 година, читателите на шаховското списание Schach-Kalenders го избрале Роберт Хибнер за „шахист на годината“.
Роберт Хибнер е и еден од најдобрите играчи на кинески шах во светот, кој не е од Кина. Во 1993, тој учествувал на светското првенство во кинески шах, одржано во Пекинг.
Анализите на партиите од страна на Хибнер се многу продлабочени и се поткрепени со точно наведени извори.
Неговото творештво ги содржи следните дела:
Беговите редовни колумни во списанието ChessBase често имаат карактер на Сократови дијалози.
Постариот брат на Роберт, Волфганг (роден на 17 јуни 1943) е исто така силен шахист, кој сепак и покрај неговите настапи на силни турнири не успеал да го следи чекорот на мнеговиот помлад брат. Тој бил наречен мајстор на шаховскиот клуб од Келн.
Роберт Хибнер одлично владее голем број на странски јазици, а активно работи и како преведувач. Во 1993 година, тој објавил превод на германски од фински, на сатиричните дела на финскиот писател Ваино Нуортева. Нему му е посебно задоволство да зборува пофално за Финска.
Карактерно, Хибнер важи за плашлив човек.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.