Ричард I
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ричард I (англиски: Richard I of England; француски: Richard I-er d'Angleterre; 8 септември 1157 – 6 април 1199) — крал на Англија во периодот од 1189 до 1199 година, од династијата Плантагенет. Бил син на Хенри II и Елеонора Аквитанска. Наречен е Лавовско Срце (анг. Richard the Lionheart, фр. Richard Cœur de Lion) поради неговаа смелност и водечки способности.
Ричард I Richard I | |
---|---|
![]() | |
Крал на Англија | |
На престол | 6 јули 1189 – 6 април 1199 |
Крунисување | 3 септември 1189 |
Претходник | Хенри II |
Наследник | Јован |
Регент | Елеонора Аквитанска; |
Почивалиште | Фонтеврутска катедрала, Франција |
Сопруга | Беренгарија од Навара |
Династија | Династија Плантагенет |
Татко | Хенри II |
Мајка | Елеонора од Аквитанија |
Во 1190 година, тргнал во Третата крстоносна војна, заедно со францускиот крал Филип II Август и германскиот цар Фридрих Барбароса. Во Светата земја пристигнал во 1191 година, но не успеал да го врати Ерусалим во христијански раце[1][2]. По неговото враќање, австрискиот цар Леополд V го заробил во близина на Виена. Од заробништво бил пуштен во 1194 година бидејќи платил сума од 100.000 нарки.
Во времето кога тој бил отсутен, неговиот брат се обидел да го зазеде престолот. По враќањето, Ричард му простил, прогласувајќи го за свој наследник. Во 1194 година тој започнал воен конфликт со Франција. Загинал во опсадата на Шелиз.