Фридрих I (Свето Римско Царство)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фридрих I (од 1122 г. до 10 јуни 1190 г.), исто така познат како Фридрих Барбароса бил Светиот римски цар од 2 јануари 1155 г. до неговата смрт. Тој бил избран за крал на Германија во Франкфурт на 4 март 1152 г. а бил крунисан во Ахен на 9 март 1152 година. Тој бил крунисан за крал на Италија на 24 април 1155 г. во Павија а како цар на папата Адријан IV на 18 јуни 1155 г. во Рим. Подоцна бил формално крунисан како крал на Бургундија, во Арл на 30 јуни 1178 година.
Фридрих Барбароса | |
---|---|
Златна биста на Фридрих I, кое било дадено на неговиот кум Ото од Капенберг во 1171 г. | |
[Свети Римски Цар] | |
На престол | од 2 јануари 1155 г. до 10 јуни 1190 г. |
Крунисување | 18 јуни 1155 г., Рим |
Претходник | Лотер III |
Наследник | Хајнрих VI |
Роден(а) | 1122 |
Починал(а) | 10 јуни 1190 (на 67–68 г.) Реката Салеф, Цилицииска Ерменија |
Почивалиште |
|
Сопружник |
|
Династија | Хохенстауфен |
Татко | Фредрик II Швабски |
Мајка | Јудита Баварска |
Вероисповед | Римо-католицизам |
Пред да бил избран за цар, Фридрих бил наследник на титулата Војвода на Швабија (од 1147 г. до 1152 г., како Фридрих III). Тој бил син на војводата Фридрих II од династијата Хоенштуфенци и на Јудита, ќерка на Хајнрих IX, војводата од Баварија, од соперничкиот Дом на Велф. Фридрих, според тоа, потекнува од двете водечки семејства во Германија, што го прави прифатлив избор како владетел на Светото Римско Царство.
Историчарите го сметаат за еден од најголемите средновековни цари на Светото Римско Царство. Тој имал особини кои го направиле да изгледа речиси натчовечки за неговите современици како неговата долговечност, неговата амбиција, неговите извонредни вештини во организацијата и неговата политичка перцептивност. Неговиот придонес кон средноевропското општество и култура вклучува повторно воспоставување на Корпус Јурис Цивилис, односно владеењето на правото на Рим, кое поставило рамнотежа на папската моќ што доминирало во германските држави по завршувањето на контроверзноста на инвестициите.
Фредефрик починал во 1190 година во Мала Азија додека водел војска во Третата крстоносна војна .