From Wikipedia, the free encyclopedia
Регул (α Leo / α Leonis / Алфа Лав) — најсјајната ѕвезда од соѕвездието Лав и една од најсјајните ѕвезди на ноќното небо. Регул е оддалеченa приближно 77,5 светлосни години од Земјата, и е една од малкуте ѕвезди со традиционални имиња. Самиот систем е идентификуван како троен систем од ѕвезди. Регул A, главната ѕвезда, има две придружни ѕвезди, Регул Б и Регул Ц, кои се многу блиску една до друга.
Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Лав |
Ректасцензија | A: 10h 08 min 22.3s BC: 10h 08 min 12.8/14s |
Деклинација | A: +11° 58' 02" BC: +11° 59' 48" |
Прив. величина (V) | 1.35/8.14/13.5 |
Особености | |
Спектрален тип | B7 V/K1-2 V/M5 V |
U−B Боен показател | −0.36/0.54 |
B−V Боен показател | −0.11/0.87 |
Променлив тип | Slightly |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | +5.9 км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: 249 млс/г Дек.: 2 млс/г |
Паралакса (π) | 42.09 ± 0.79 млс |
Оддалеченост | 77 ± 1 сг (23,8 ± 0,4 пс) |
Апсолутна величина (MV) | −0.52/4.2/9.5 |
Податоци | |
Маса | 3.5/0.8/0.2 M☉ |
Полупречник | 3.15–4.15/0.5/? R☉ |
Сјајност | 150/0.31 L☉ |
Температура | 10,300–15,400/? K |
Вртење | 315 km/s. (15.9 hours)/? |
Старост | 5 × 107 години |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
Регул е најблиску до еклиптиката, и редовно е помрачена од Месечината. Се случуваат затемнувања и од планетите Меркур и Венера, но поретко. Последното затемнување на Регул од планета се случило на 9 јули 1959 година, од Венера, а наредното ќе биде на 1 октомври 2044 година, повторно од Венера. Другите планети нема да го прекријат Регул во наредните неколку милениуми, поради нивните позиции.
Сонцето секоја година околу 23 август доаѓа најблиску до Регул.
Регул е околу 3,5 пати поголемо од Сонцето, и е млада ѕвезда од само неколку стотици милиони години. Се врти екстремно брзо, со вртежен период од само 15,9 часа, што предизвикува да има заоблена форма.[1] Ова предизвикува фотосферата на половите на Регул да биде значајно потопла и пет пати посјајна од нејзиниот екваторски појас. Да се ротира само за 16% побрзо, центрипеталните сили би ја надминале силата на гравитацијата, и ѕвездата би се распаднала.
Регул A е една од најсјајните ѕвезди на ноќното небо со впечатлива привидна ѕвездена величина. Регул B е помало џуџе ѕвезда со спектрален тип `K2`. Последниот придружник, Регул С, е мала црвена ѕвезда, со најслаба светлина од трите.
Регул е повеќеѕвезден систем составен од врела, сјајна, синобела ѕвезда со пар помали и понесјајни придружнички. Двете ѕвезди орбитираат со период од 2.000 години, и се наоѓаат на раздалечина од околу 100 ае.
Regulus е латински збор за 'принц' или 'мал крал'. Грчката варијанта Basiliscus исто така се употребува. Ѕвездата е позната и како Qalb Al Asad, од арапското قلب لأسد или Qalb[u] Al-´asad, со значење 'срцето на лавот'. Оваа фраза е преведена на латински како Cor Leonis, што е уште едно од имињата за оваа ѕвезда. Во Кина е позната како 轩辕十四, „Четиринаесеттата Ѕвезда на Ксуанјуан.
Персиските астролози во 3000 п.н.е. Регул ја знаеле како Венант, една од четирите 'кралски ѕвезди'. Регул е една од фиксните ѕвезди која има кабалистички симбол .
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.