Расцеп на Македонската револуционерна организација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Расцепот на Македонската револуционерна организација настанал по Илинденското востание. На преден план избиле две главни прашања околу кој се кршеле копјата, внатрешното уредување на организацијата, прашањето за централизација или децентрализација, односно демократизирање, како и крајната цел на самата Организација, автономна Македонија или оформување на Македонија како самостојна политичка единица во рамките на една балканска федерација. Со текот на времото, јасно се оформиле две крила во самат Организација Конзервативна струја и Реформска струја [1][2][3]. Односите меѓу двете крила постепено се заостриле до степен на употрена на насилни мерки за наметнување на своите принципи и ставови, отука во 1908 година дошло до дефинитивно распаѓање на Организацијата, а тоа влијаело негативно врз целото македонско национално движење во еден подолг период.